Топ 8 знаци: Дали имате хормонално пореметување?

Хормоните се двигател на нашето тело и се важни за секој процес кој се одвива во него. Истото функционира совршено тогаш кога хормоните се во полна рамнотежа. Но, голем број на луѓе патат од хормонални пореметувања, а не се ни свесни за тоа. Овие нарушувања на хормоналниот баланс најчесто се јавуваат кај жените.



Дури и малите хормонални пореметувања може значајно да влијаат на работата на организмот, па затоа хормоните не смеете да ги сфаќате несериозно бидејќи истите влијаат на квалитетот на вашиот живот, на физичкото, психичкото и менталното здравје.

Во продолжение ви ги претставуваме најчестите симптоми на хормоналниот дисбаланс:

Непрестано дебелеење

Животниот стил, исхраната и физичката активност значајно влијаат на телесната тежина, но тоа не се единствените важни фактори. Недијагностицираните хормонални пореметувања можат значајно да го отежнат намалувањето на килограмите и одржувањето на здрава телесна тежина. Инсулинската резистенција е еден од најчестите причинители на необјаснивото насобирање на килограми, но многу лесно може да се реши преку усвојување на здрави прехранбени навики.

Ниско либидо

Еден од највоочливите симптоми на хормоналната нерамнотежа е ниското либидо, кое често започнува со нарушен квалитет на сонот. Недоволниот сон, како и сонот со лош квалитет, директно влијаат на желбата за секс, а хормоналната нерамнотежа често предизвикува проблеми со спиењето.



Хроничен замор

Не можете да функционирате во текот на денот доколку не направите убава пауза? Не е нормално постојано да се чувствувате уморно и да имате проблеми со концентрацијата и помнењето, доколку вашите секојдневни активности се во рамките на нормалата.

Анксиозност, раздразливост и депресија

Анскиозноста и депресијата може да бидат показател дека вашето тело не е во рамнотежа, дека е полно со токсини, дека е под стрес и дека не му го овозможувате она што му е потребно.

Несоница

Како што споменавме, хормоналниот дисбаланс директно влијае на сонот, а несоницата го влошува здравјето на целокупниот организам.

Прекумерно потење

Зголеменото потење најчесто се јавува кај жените кои се во менопауза и може да биде еден од првите знаци на оваа промена.

Потешкотии со варењето



Гасовите, подуеноста, затворот или дијареата се чести симптоми на хормонална нерамнотежа. Но, исто така може да бидат поврзани и со лоши прехранбени навики.

Зголемена потреба за храна

Најчестите причинители на желбата за храна се инсулинската резистенција, пореметување на функцијата на штитната жлезда и зголемено ниво на хормонот на стрес.

Доколку патите од 3 или повеќе симптоми во период од еден месец или повеќе, обратете се кај вашиот лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...