Гирудо – терапија со пијавици

„Нема подобар лек од пијавица“ – била една од најпознатите изреки на нашите прабаби и прадедовци. Уште во 19 век, тие се бањале во реките, носејќи волнени гаќи и чорапи на кои се лепеле пијавиците. Потоа скришум ги употребувале за лекување на разни болести, а некои од нив оделе во Виена и Трст, каде што лекувањето било дозволено.

Денеска гирудо терапијата е позната низ светот, но во Македонија сè уште не е развиена и покрај тоа што поминале 100-тици години од тогаш. Многу луѓе се скептици и се плашат од тоа пијавицата да им ја цица крвта од нивното тело. Сепак, тие лекуваат артритис, алергии, воспаленија, автоимуност и астма. Во 2004 година Федералната администрација за лекови на САД ја призна оваа терапија, додека на Западот пијавиците се употребуваат во пластичната хирургија.



Пијавиците се поставуваат на болното место и цицаат крв, при што му ја раздвижуваат крвта на пациентот, испуштајќи ги нивните лиги полни со биолошки активни супстанци и на овој начин ја стимулира работата на органот. На овој начин тие го спречуваат згрутчувањето на крвта и предизвикуваат нова, оксидирана крв.

Според еден полски гирудо терапевт, д-р Ендрју Плуцински, кој постојано ги користи пијавиците, смета дека тие се употребуваат како помош кога некои прсти треба хируршки да се зашијат на дланка, но и при пресадување на кожа.

Во многу делови од Индија, Русија и Полска гирудо терапијата се смета за голем лек за оние кои патат од крвни болести, болести на срце и проблеми со белите дробови. Во Индија постои посебен ден каде што се собираат луѓе од различни краеви на земјата со цел да се лекуваат со пијавици.



За некои луѓе ова е страшна терапија и токму поради тоа не се осмелуваат да ја направат. Сè уште немаме информации дали некој ја практикува оваа медицина кај нас, со оглед на тоа дека не се препорачува да се лекува со пијавици на своја рака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...