Попладневната дремка води кон предвремена смрт?!

Кратката попладневна дремка ќе успее да ве освежи и одмори на краток рок, но со текот на времето оваа навика би можела да влијае на зголемена можност за предвремена смрт речиси за една третина, тврдат научниците од британскиот универзитет Кембриџ.



Во истражувањето, чии резултати се објавени во списанието American Journal of Epidemiology, учествувале 16.000 возрасни Британци, кои дале согласност да бидат дел од големиот проект поврзан со испитување на причините за развој на карцином за прериод од 13 години.

Оние кои се навикнале секојдневно после пладне да отспијат по еден час или подолго, биле поподложни на потенцијален развој на болести на белите дробови, како што се бронхитис, емфизем или пневмонија, како и ризик од предвремена смрт од респираторни болести, во однос на оние кои спијат само во текот на ноќта. Попладневната дремка, како што воочиле научниците, може да влијае на појава на бројни воспаленија во организмот.

Во склоп на овој проект, учесниците на истражувањето биле задолжени редовно да ги известуваат експертите за нивните спијачки навики поврзани со спиењето. По обработка на податоците, британските научници утврдиле дека кај луѓето кои секојдневно попладне спијат помалку од еден час, шансите за предвремена смрт се поголеми за околу 14 проценти, а оваа бројка се зголемува на 32 проценти доколку попладневната дремка трае подолго од еден час.

Но, професорот Џим Хорне од Центарот за истражување на соништата, на универзитетот Loughbourough, за Daily Mail изјавува дека кај повеќето луѓе, попладневната дремка сепак нема да остави негативен ефект. Тој не се согласува во потполност со неговите колеги и тврди дека постои можност дел од луѓето кои биле опфатени со истражувањето претходно веќе да пателе од сериозни заболувања на белите дробови, а попладневната дремка да не е клучниот фактор во резултатите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...