Дали треба да гладуваме пред анализа на крвта?

Лекарите обично препорачуваат 12 часа пред давање крв да не се јаде или барем да се избегнува тешка храна. Сепак, една нова студија покажува дека за тоа нема потреба.



Истражувачите користеле голема база на податоци за да ги проучат анализите на крв кај повеќе од 16.000 мажи и жени. Околу 10.000 примероци се земени по подолго од 8 часа гладувања, а останатите за помалку од 8 часа. Овие две групи 14 години се следени, со цел да се провери дали примероците на крв од оние кои гладувале или оние кои не гладувале предвидуваат ризик од срцеви болести и смрт.

Високото ниво на ЛДЛ, холестерол и триглицеридите, било поврзано со зголемен ризик од срцеви болести и смрт. Меѓутоа, кога научниците ги споредиле резултатите на двете групи, со што ги опфатиле и факторите како што се сексот, дијабетес, висок крвен притисок и слично, откриле дека тестовите подеднакво добро го предвидуваат ризикот од заболување.

- Нема јасни податоци кои ја поддржуваат теоријата за неопходност на гладување пред давање крв. Време е да престанеме да инсистираме на тоа. Тестовите на оние кои не гладувале покажуваат иста вредност, како и тестовите на оние кои гладувале, изјави д-р Срипал Багалор, еден од истражувачите и доцент по медицина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...