Болеста која се шири во енормни размери – заболените не се ни свесни

Хепатитисот е болест која убива исто како и СИДАТА, околу 1.4 милиони луѓе во светот, изјави Женевската светска здравствена организација по повод светскиот ден за борба против хепатитис.

Експертите истакнале дека болеста може да предизвика рак, но може и да се победи ако се применат програмите кои се применуваат при заболување од СИДА. Вкупно 1.5 милиони луѓе умреле во 2013 година.



Од 1.5 милиони починати од хепатитис, околу 90% биле заразени со хепатит Б и Ц, кои се одговорни за заболување од рак на црниот дроб.

- Најдобар начин за превенција на рак на црниот дроб или цироза е спречување и лечење на вирусниот хепатит. Ако така делувате, ќе спасите многу животи, почнувајќи со вашиот, изјавил Самуел Со, доктор и предавач на универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија.

Она што е најшокантно е тоа дека заразените не ни знаат дека го имаат овој вирус. Токму затоа од СЗО се обидуваат да создадат методи за полесно тестирање и откривање на хепатит. 

Повеќето заразени кај кој постојат симптоми, се дискриминирани и стигматизирани  од општеството, поради недоволна информираност, но кај други воопшто не постојат симптоми и нивното здравје е сосема добро, па така тие често не се свесни дека се жртви на хепатитот.

Овој тивок убиец може да се развие при незаштитени сексуални односи, пирсинг, тетоважи, при посета на стоматолошка ординација или некои други медицински интервенции доколку не се користи еднократен прибор за употреба или не се стерилизираат доволно.

Според статистичките податоци од 2010 година, во Македонија има заболени околу 30.000 лица од хепатит Ц, а до денес оваа бројка сигурно е зголемена. Македонските лекари сметаат дека проблемот со проширувањето лежи во ненавременото лекување кое трае околу 6 месеци. Најчести жртви на оваа болест се младите од 19 до 29 години, кои земаат мошне недостапна, но и скапа терапија. Во 2010 година се лекувале само 100 лица, бројка која е сосема мала во споредба со заболените 30.000 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...