Сè што треба да знаете за еболата

Најголемото ширење на вирусот ебола во историјата на човештвото се случува токму сега и тоа со најголем замав во Западна Африка. Според податоците на Светската здравствена организација, до сега еболата земала над 700 животи. Смртните случаи најмногу се случиле во Сиера Леоне, Либерија, Гвинеја и Нигерија.

- Вирусот се шири многу побрзо од нашите можности да го контролираме, изјавила Маргарет Чан, директор на СЗО.



Заир - вид на ебола е причината за ширење на вирусот кој имал фатални последици во минатото дури до 90%. Сепак, во овие моменти смртноста е многу пониска поради медицинската помош.

- Благодарение на медицинската помош, смртноста овој пат е 60%, изјави Нахид Баделиа, докторка во болница во Бостон.

Сепак, како работи вирусот и што ги предизвикува силните симптоми, кои во некои случаи доведуваат и до крвавење од очите и ушите?

Д-р Нахид објасни детално сè што треба да знаете за овој смртоносен вирус.

Како еболата влегува во телото?



Еболата не се пренесува преку воздухот, туку само преку контакт од кој се развива инфекција. Инфекцијата се пренесува преку посредство со животни кои го носат вирусот – лилјак или примат и тоа преку допир со нивните телесни течности и преку контакт со работи кои се заразени со вирусот.

- Вирусот влегува во вашето тело преку носот, устата и слични отвори, објаснува д-р Нахид.

Еболата може да преживее надвор од домаќинот неколку дена на собна температура.

- Поради тоа контролата на инфекцијата е навистина важна. Ако можете да користете стерилизирана опрема, ако имате шанси да ги дезинфицирате работите и да ги изолирате пациентите ефикасно, ширењето на еболата нема да биде случај.

Токму поради тоа местата со голема контрола и медицинска инфраструктура не се во ризик со овој патоген.

Што се случува со телото кога инфекцијата ќе се развие?



Кога вирусот на еболата ќе дојде до вашето тело, влегува во клетките и се размножува.

- Еболата експлодира, ја разбива клетката и создава протеин кој прави вистински хаос.

Овој протеин се нарекува „ebolavirus glikoprotein“ и се врзува за клетките во внатрешноста на крвните садови. При тоа вирусот спречува да дојде до згрутчување на крвта. Дури и кај луѓето кои не покажуваат хеморагични симптоми, имаат излевање на крв од крвните садови, кои доведуваат до шок и на крај до смрт.

Вирусот ебола прави нашиот имунитет да не се бори на начин на кој треба да ги блокира заразените клетки, па ги инфицира и имуните клетки кои потоа патуваат до други делови на телото, вклучувајќи го и црниот дроб, бубрезите и мозокот.

Секогаш кога клетката е заразена од вирусот и пука, се активираат молекули наречени цитокини, кои во здравото тело предизвикуваат воспаление преку кое му даваат знаење на телото дека е нападнато. Во случаите кај заболените од ебола во прашање е огромно испуштање на цитокин, кој предизвикува симптоми на грип, кои се првите знаци на ебола.

Кои се симптомите?

Првите симптоми на еболата се исти како и симптомите на грипот. Иако е позната по екстремните хеморагични симптоми – крвавење од очи и уши – не поминуваат сите пациенти низ тој стадиум. Само 20% од луѓето ги имаат овие симптоми. Некои може да подлегнат на болеста пред да дојде до таа фаза, а некои може да имаат помалку крвавења или некои модрици по телото.

- Симптомите на болеста обично почнуваат од 4 до 9 ден од заразувањето, а инкубацијата трае 21 ден.
- Болеста трае од 7 до 10 дена. Првите три дена доаѓаат симптоми на грип и чувство на слабост.
- Од 4 до 7 ден се јавуваат повраќање, дијареа, низок крвен притисок, гадење, главоболка и анемија.
- Последните три дена доаѓа до надворешно и внатрешно крвавење, шок, кома и смрт.

Симптомите на грипот обично се случуваат во првата фаза на болеста, пред личноста да стане болна и почне да покажува симптоми на повраќање, дијареја и низок крвен притисок. Шокот настанува за време на масовно крвавење.

Како некои луѓе ја преживуваат смртоносната инфекција?

Кај преживувањето влијаат два фактори. Еден е здравствената состојба, односно имунитетот и можноста да се спротивставите на вирусната инфекција. Другиот фактор е стадиумот во кој е пренесен вирусот. Тоа значи доколку е пренесена во почетен стадиум количината на вирусот во крвта не е толку висока.



Клетките треба да бидат генетски соодветни за еболата, па така на површината на секоја човечка клетка има маркер, кој болеста го препознава и така поминува низ ѕидот на клетката. Научниците во лабораториски услови открија дека кај некои луѓе недостига овој маркер или мутирал, па еболата не може да допре до нивните клетки.

Научниците до сега стигнаа до можноста да се спречи размножувањето на вирусот во внатрешноста на клетките. Тоа значи дека го спречуваат вирусот не дозволувајќи му да копира генетски материјал преку кој ќе создава нови вируси. Исто така, вирусот може да се спречи и преку јак имунолошкиот систем кој кога ќе дојде во допир со вирусот, имунитетот нема да му дозволи да навлезе во телото. Вирусот се спречува и преку создавање на антитела кои се борат против вирусот.

Моментално ниедна терапија не покажала знаци на подобрување кај човекот. Научниците до сега добиле позитивни резултати при испитувањето на влијанието на хиперимунолошки анти-серум од коњ, моноклонални антитела од преживеани од вирусот ебола, како и навремено вакцинирање против вирусот. Сепак, овие испитувања се извршувани врз животни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...