Страшната страна на анестезијата

Повеќе од 300 луѓе во Велика Британија и Ирска изјавиле дека биле свесни за време на одреден оперативен зафат кој се извршувал врз нив, и покрај тоа што им била ставена општа анестезија, пренесува BBC.



Во студијата која била спроведена на Кралскиот колеџ за анестетика и од Здружението на анестезиолози на Велика Британија и Ирска, научниците велат дека во просек ова ужасно искуство се случува еднаш на 19.000 операции.

За целите на студијата биле анализирани три милиони операции за време од една година. Повеќе од 300 луѓе во тој период искусиле некој вид на свесност за време на операцијата.

Кај повеќето случаи тоа било краткотрајно и се случило пред операцијата или откога истата била завршена. Меѓутоа, кај 41 процент од случаите ова искуство оставило трајни психолошки последици.

Пациентите опишале различни чувства кои ги доживеале откога сфатиле дека се разбудиле, од паника и болка до шок. Како најлошо го истакнале чувството на парализа и неможност за комуникација.



Иако таквите случаи се релативно ретки, лекарите велат дека би требало повеќе да се ангажираат за да бидат спречени.

Особено внимание би требало да се обрне на жените кои добиваат општа анестезија при царски рез. Тоа е зафат кој најчесто се извршува по итна постапка, а податоците велат дека при истиот, една од 670 жени искусува одреден вид на свесност. Експертите велат дека тоа се случува бидејќи со таа анестезија треба да се постигне успивање на мајката, а истовремено бебето да остане будно.

Покрај царскиот рез, оваа појава најчесто се случува и кај зафатите на белите дробови и срцето, како и кај операциите на пациентите со прекумерна тежина.

Без разлика на видот на операцијата, будењето под анестезија се случува заради несоодветен баланс на лековите за опуштање на мускулите кои се даваат во комбинација со оние кои ја придушуваат свесноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...