Ментални симптоми кои треба да ве загрижат

Постојат одредени симптоми на менталното здравје кои не би требало да ги игнорирате, бидејќи доколку чекате предолго, ситуацијата може да се влоши. Менталните болести се многу посложени, а во многу случаи и пофатални, од болестите на телото. Еве на кои симптоми треба да обрнете внимание:



Премногу спиење

Сонот е важен за регулирање на нашите емоции. Но, доколку премногу спиете, ќе имате чувство дека ви недостасува време во текот на денот и може да пропуштите да исполните важни задачи, бидејќи константно ќе бидете поспани. Предолгиот сон често може да биде симптом на депресија, а може да биде поврзано и со други здравствени проблеми. Доколку спиете повеќе од осум часа на ден, а и понатаму чувствувате замор, обратете се кај вашиот лекар.

Недоволен или лош сон

Доколку имате проблеми да заспиете и се будите поуморни отколку што сте биле кога сте легнале, тоа може да биде симптом на анксиозност и депресија. Недоволното спиење може да биде поврзано и со хормонален дисбаланс. Во секој случај, упатете се на лекар што побрзо.

Силно чукање на срцето

Доколку чувствувате неправилна работа на вашето срце, како на пример силни отчукувања, веднаш посетете го лекарот за да ја избегнете можноста за срцев удар. Но, може и да се работи за напад на паника, што е уште една причина зошто треба да му се обратите на лекарот.



Болка во стомакот

Никако немојте да ја игнорирате долготрајната болка во стомакот, која може да биде и симптом на стрес или анксиозност. Истражувањата покажуваат дека лицата кои патат од хронична анксиозност имаат и стомачни тегоби. Кога симптомите на анксиозност успешно ќе се излечат, таа болка престанува.

Главоболка

Честиот стрес и напнатост може да предизвикаат главоболка. Доколку патите од главоболка, а истовремено се справувате со стрес или анксиозност, побарајте помош од стручно лице, како што е психологот.

Брзи промени на расположението

Доколку се чувствувате како да сте на емотивен рингишпил, би било паметно да побарате помош. Доколку немате спиено неколку денови по ред, а потоа не можете да станете од кревет, се работи за сериозен ментален проблем за кој треба да се погрижите што побргу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...