Митови поврзани со најголемиот убиец на жените - ракот на дојките

Како што медицината веќе подолго време е посветена на пронаоѓање на лек против ракот на дојките, со секое ново револуционерно откритие се помал е бројот на жените кои се во животна опасност од оваа фатална болест.



Но, ракот на дојките се уште се наоѓа на прво место на смртоносни болести на жените, така а бројот на заболени изнесува милион жени на годишно ниво.

Единствениот начин за оздравување во случај на рак на дојки е неговото рано откривање. Доколку се препознае во почетната фаза, целосното опоравување е речиси невозможно. Како би се дијагностицирале одредени неправилности на дојките, потребни се редовни лекарски прегледи, како и проверувања од страна на самата жена.

Само-прегледите е најдобро да се прават еднаш месечно, една седмица по завршувањето на месечниот циклус, кога дојките се најмалку чувствителни и најмалку болни. Доколку при допир почувствувате некакво грутче, не паничете, туку веднаш обратете се кај лекарот, кој потоа ќе ве упати на преглед со ултразвук или мамографија.

Доколку наодот од мамографијата покаже причина за грижа, потоа следи биопсија (анализа на ткивото), која со сигурност ќе покаже дали туморот е малиген или бениген. После биопсијата, речиси 80 проценти од туморите се покажуваат како бенигни.

Фактори на ризик

Конкретната причина за појава на ракот на дојките не е позната, но постојат одредени фактори кои ги зголемуваат шансите за заболување. Тие се:

  • Прекумерна тежина, особено кај лицата постари од 50 години
  • Претераната консумација на алкохол
  • Постоење на рак на дојки кај член од фамилијата
  • Почеток на менопаузата
  • Рано добивање на прва менструација
  • Хормонална терапија

Доколку откриете кај вас некои од овие фактори на ризик, нема причина да се грижите. Истражувањата покажале дека 80 проценти од жените со повеќе фактори на ризик не заболуваат од рак. Но, во секој случај, препорачливо е да го намалите ризикот до најмала можна мера и редовно да вршите прегледи.



Митови поврзани со ракот на дојките

Главната превенција на оваа болест е точната информација. Секогаш прашувајте го лекарот за сè што ве интересира, бидејќи кога се работи за вашето здравје, не постои глупаво прашање. Најчестите заблуди кои жените ги создаваат во врска со ракот на дојките се следните:

- Мит: Ракот на дојките може да се спречи

Ова мислење е погрешно заради тоа што не е познато што точно ја предизвикува појавата на ракот. Раното откривање и правилното лечење се единствениот начин пациентката успешно да му се спротистави.

- Мит: Само жените со познатите фактори на ризик заболуваат од рак на дојките

Околу 70 проценти од заболените жени немале фактори на ризик. На оваа опасност се изложени сите жени, а ризикот со годините се зголемува.



- Мит: Лечењето може да биде покобно од самата болест

Хемотерапијата, зрачењето и хормоналната терапија значајно го зголемуваат бројот на преживеани од рак. Со откривањето на напредните лекови и терапии, многу од непријатните нус појави се намалуваат, па дури и во потполност исчезнуваат.

Колку често и какви видови на преглед треба да се вршат?

Доколку сте помлади од 40 години, еднаш месечно проверувајте се сами со прстите, а клиничкиот преглед и ултразвук се препорачува да се прават еднаш годишно. Доколку, пак, сте постари од 40 години, покрај самопрегледувањето, задолжителна е и мамографија еднаш годишно, а после 50-та година, на секои две години.

Самопроверувањето на градите е едноставно. Потребно е да го набљудувате нивниот изглед за можни деформации, и да ги напипкате градите употребувајќи ги следните движења:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...