На фотографии е прекрасна манекенка, но во живо е „марионета“

Клер Алана Форд од Хемфшир е прекрасна 22-годишна манекенка. Но, оваа девојка е многу поразлична од останатите. Таа постојано се бори и не дозволува да ја победи ретката болест заради која губи контрола над мускулите и која ја претвора во „марионета“.



Оваа споредба не е случајна бидејќи болеста миастенија гравис има токму ваков прекар. Станува збор за автоимуна болест која е проследена со замор и слабост на скелетните мускули, а се појавува како резултат на пореметување на врската помеѓу нервите и мускулите.

- Понекогаш ми се случува да си ја средувам косата и одеднаш да почувствувам слабост во рацете и тие едноставно да ми паднат покрај телото, открива Клер.

Симптомите се јавуваат често и ја исцрпуваат оваа убавица. Од одење на улица до пад потребни се само неколку секунди.

Клер со мода започнала да се занимава на 17-годишна возраст, а набрзо потоа се појавила болеста. Одејќи по пистата, се случувало таа да почувствува огромна слабост. Во тоа време одела и на балет, па заморот го препишувала на бројните обврски. Кога забележала дека симптомите не престанувале, таа побарала лекарска помош, па по неколку погрешни дијагнози, се дошло до вистинската.



- На крајот дознав дека имам миастенија гравис, болест за која никогаш претходно немав слушнато, вели Клер.

На почетокот била престрашена, а потоа решила дека сака да има нормален живот, и покрај болеста. Тоа навистина и’ успева до одредена мера. Со редовна терапија, таа продолжила да се занимава со манекенството.

Но, неретко се случувало луѓето со кои таа соработува да немаат разбирање за нејзината состојба и нејзиниот замор да го заменат со мрзеливост.

- Понекогаш ми е тешко кога заради болеста испуштам некои работи, но тоа воедно ме мотивира да бидам уште поистрајна.

Клер е член на модна агенција во Лондон, а би сакала да зачекори на модните писти во Америка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...