Болка за време на сексуалниот однос

Болката за време на сексуалниот однос се смета за најчесто дисфункционално пореметување кое се јавува кај речиси две третини од полово зрелите и активни жени. Може да се јави во било која доба од животот, а болката најчесто се опишува како жарење, остра болка, печење или грчеви и може да се почувствува во различни делови - надвор или во внатрешноста на вагината, длабоко во карлицата или во стомакот.

За разлика од останатите сексуални пореметувања, оваа појава има повеќе јасни причинители. Тие се следните:

  • Инфекции – бактериски и габични инфекции се најчеста причина за болниот сексуален однос
  • Ендометриоза – ткиво во матката или во стомачната празнина
  • Вулводинија – состојба при која вагината е хиперсензитивна и екстремно чувствителна на допир.
  • Недостаток на естроген – за време на менопаузата слузницата на вагината станува потенка и се намалува количината на вагиналната слуз, што предизвикува трнење и болка.
  • Воспаление на мочниот меур и мочните патишта
  • Лекарска терапија – како што се антихистамини, антидепресиви и антихипертензиви – можат да влијаат на количината на вагиналната слуз, како и на нивото на сексуалната желба и возбуда.

Постојат и други можни причини, кои главно се од психолошка природа:

  • Не едуцираност или преран сексуален однос без доволен степен на возбуда
  • Грубост на партнерот
  • Сексуални трауми од минатото
  • Негативно чувство поврзано со непријатно сексуално искуство
  • Проблеми во односот на партнерите
  • Страв од повторна болка
  • Сексуална аверзија и негативни ставови кон сексот, кои ја намалуваат возбудата и влажнењето, а со тоа ја зголемуваат веројатноста да се појави болка
  • Други сексуални попречувања (намалена сексуална желба или сексуална аверзија

Што може да направите?

За да се намали непријатната болка при половиот однос, експертите советуваат:

1. Да проверите дали постојат одредени телесни проблеми, како болести кои доведуваат до оваа појава. За да го проверите ова секогаш е добро да побарате совет од гинеколог. Доколку се работи за одредена акутна состојба, потребно е истата да ја лекувате со терапија.

2. Доколку не бидат утврдени органски причи, а болката е присутна и предизвикува одредена доза на вознемиреност помеѓу партнерите, секако е добро да се побара стручна помош.

3. Кегеловите вежби може да ви се најдат од помош, чија цел е зајакнување на мускулното ткиво на вагината, како и вежби за релаксација со помош на кој поопуштено ќе се пристапува кон сексуалната стимулација.

4. Доколку проблемот лежи во отсуството на природно навлажнување на вагината, проблемот со болката лесно ќе го решите со набавување на лубрикант.

5. Почеста маструбација и изведување на вежби кои ја намалуваат напнатоста и ја зголемуваат еротската опуштеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...