7 изненадувачки причини за анксиозност

Анксиозноста е се почеста болест на денешницата. Сепак, личностите кои патат од оваа состојба, мора да ги знаат причините за создавање, но и начините на кои може да ги избегнат истите.

Ви претставуваме 7 причини за анксиозност, кои ќе ве изненадат.

Светли бои



Светлата глазура на некои колачи ја зголемува веројатноста дека ќе посегнете по нив, но таквиот избор може лошо да се одрази на нивото на анксиозност. Голем број на жени се жалат на промена на расположение по консумирање на намирници кои содржат адитиви како што се аспартам и прехранбени бои. Се верува дека вештачките засладувачи ја попречуваат работата на нервниот систем предизвикувајќи абнормални функции и симптоми на анксиозност.

Леб и млеко



Чувствителноста на храна драстично се разликува предизвикувајќи алергии кои може да бидат опасни по живот, до интолеранција која може да предизвика главоболка и проблеми со варењето на храната. И благата чувствителност може да предизвика анксиозност и сериозно да влијае на вашето расположение. Истражувањата за глутенот, чоколадото, сојата и млечните производи покажале дека може да имаат големо влијание на нивото на хормони во организмот и може да предизвикаат неконтролирана анксиозност. Потрудете се полека да ги тргате овие намирници од исхраната, за да не дојде до постојани промени во расположението.

Дехидратација



Истражувањата покажуваат дека дури и благата дехидратација може да предизвика промени во расположението па и симптоми на анксиозност. За да го избегнете тоа, може да внесувате двојно поголеми количини на вода во организмот. Не треба да пиете вода само кога чувствувате жед, бидејќи жедта е првиот знак за дехидратација на организмот.

Нередовни оброци



Кога последен пат го прескокнавте оброкот? Повеќето жени имаат брз ритам на живот, па не би не чудело ако се одлучи за времето предвидено за јадење да одлучи да работи нешто друго или пак под влијание на стрес да остане без апетит. Сепак, прескокнувањето на оброкот предизвикува пад на шеќерот во крвта по што се појавуваат симптоми на депресија и раздразливост. Долгорочно, ова може да предизвика сериозни проблеми како што се конфузија, слабост и вртоглавица. Ако немате време за оброк, барем земете некое овошје – јаболка, банана, круша или бадеми кои се одличен избор.

Лекови



Веројатно ќе се изненадите кога ќе прочитате дека постои огромна листа на лекови кои содржат кофеин. Сите лекови почнувајќи од оние против главоболка преку сируп против кашлање, па до таблети за слабеење содржат хемикалија која го зголемува срцебиењето и даваат додатна енергија. За жал, кофеинот се поврзува и со драстично зголемување на нивото на анксиозност, особено кога се користи долгорочно. Секако, освен лековите, кофеинот се наоѓа и во кафето, чајот, газираните сокови и енергетските пијалаци.

Негативно размислување



Ако поминувате низ тешки животни моменти, може да биде прилично тешко да го прекинете циклусот на негативно размислување. Но еве ви причина зошто со сите сили треба да се потрудите да го надминете: Негативното размислување докажано има долготраен ефект врз вашето емоционално здравје. Автоматските негативни мисли се многу брзи и несвесни критики, кои ги создава мозокот кога е под стрес. Тие ретко се корисни, а често може да предизвикаат проблеми како што се раздразливост, плачење и депресија. Ако не можете да се изборите против тие мисли, најдобро е да побарате стручна помош.

Пушење



Многу пушачи тврдат дека нивната навика им помага да се смират и опуштат, а истото го тврдат и оние кои често пијат алкохол. Важно е да запаметите дека цигарите и алкохолот се стимуланси кои немаат природно смирувачко дејство врз организмот. Никотинот докажано го забрзува пулсот, а пушачите имаат три пати поголеми шанси да патат од напад на паника. Овие стимуланси се водечки причинители на анксиозноста, па би било добро доколку почнете да ги намалувате, се до престанување на пушење и пиење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...