Импактирани заби (Умници)

Луѓето често не се свесни дека ги имаат забите на мудроста

Спец. Д-р Тодор Стаменковски - Орален хирург

Dentes serotini - трети молари, осмици, заби на мудроста, само се некои од имињата кои се однесуваат на умниците. Луѓето често не се свесни дека имаат умници. Непријатно чувство, будење од сон, отежнато отворање на уста (тризмус), отежнато голтање како и болка со различен интензитет се некои од причините поради кои пациентите се јавуваат кај стоматолог.

Умниците се развиваат релативно доцна. Нивната минерализација завршува околу 13-та година од животот, а нивното никнување е во периодот од 18-25 години.

Причините за импактиран заб се бројни, а најчести се:

  • недостаток на простор во забниот лак;
  • неправилна положба на импактираниот заб;
  • длабоко поставен заб во вилична коска;
  • склероза на коската;
  • присуство на прекубројни заби;
  • присуство на патолошки процеси (цисти, одонтоми);
  • наследноста е предиспонирачки фактор.


Импактираните заби се откриваат од страна на стоматолог со помош на:

  • анамнеза
  • клинички преглед
  • РТГ снимки ( панорамикс) - снимка на сите заби

Компликации ако не се извадат импактираните заби:

  • pericoronitis (воспаление на мекото ткиво околу забот). Се манифестира со јака болка, отежнато отварање на устата (тризмус), отежнато голтање со црвенило и оток, како и со воспаление на лимфните жлезди под долната вилица.
  • создавање на парадонтален џеб околу соседниот заб.
  • кариес
  • болка
  • создавање на ортодонски аномалии.

Третман

  • Хирушко вадење на импактираниот заб на основа на поставена дијагноза, клинички преглед и анализа на РТГ снимката;
  • после операцијата на пациентот му се аплицира кортикостероид локално за да се редуцира отокот, болката, тризмусот. Се ординираат антибиотици, аналгетици, држење на ладно од надвор.
  • Некогаш поради ортодонски причини потребно е хируршко вадење на импактираните заби (умници) кои немаат завршен коренов раст (зермектомија) и обично тоа се прави во 13 или 14 година од животот.

NEUROMEDICA
www.neuromedica.com.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...