Ладењето на мозокот ја забавува Алцхајмеровата болест

Научниците пронајдоа механизам кој го лади телото и го намалува губењето на мозочните клетки и велат дека еден ден нивното откритие може да ја забави Алцхајмеровата болест кај човекот.

Научниците вршеа испитувања врз глувче на кое му вбризгаа протеин за ладење, RBM3.



- Веќе некое време знаеме дека ладењето може да ја намали, па дури и превенира штетата врз мозочните клетки, но намалувањето на телесната температура е ретко изводлива во практика, бидејќи е непријатна и вклучува одредени ризици како пневмонија и згрутчување на крвта. Ова откритие не доведе да размислуваме дека може да почнеме да произведуваме лекови кои предизвикуваат ладење на мозокот, изјави Џована Малуци, предводничка во истражувањето.

Научниците веќе знаеја дека намалувањето на температурата на телото може да го заштити мозокот. Луѓето може да преживеат неколку часови по срцев удар без оштетување на мозокот откако ќе влезат во ледена вода. Исто така и вештачкото ладење на мозокот кај бебињата со одземање на кислород при раѓањето може да ги штити од оштетување на мозокот.



Хибернацијата кај животните, произведува одредени протеини во мозокот познати како „ладни шокови“. Еден од овие - RBM3, е поврзан со превенција од смрт на мозочни клетки, но научниците се уште не се сигурни како функционираат.

Можеби сега научниците ќе пронајдат начин да го заштитат мозокот без ладење на телото. Тимот на Џована ја намали температурата на глувчето до 16-18°С за 45 минути и откри дека оштетувањето на мозочните клетки е прекинато, а кога му се покачила температурата, клетките се регенерирале. Истото глувче имал мозочни клетки какви што имаат луѓето кои патат од Алцхајмерова болест. Кога научниците го зголемиле нивото на протеинот, откриле дека ги штити клетките од понатамошно развивање на болеста.

- Сега, потребно е да пронајдеме нешто што ќе го продуцира ефектот за ладење на мозокот. Потребно е да откриеме лекови кои ќе ги поттикнуваат хибернацијата и хипотермијата, изјави Хју Пери, претседателот на британскиот медицински истражувачки центар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...