Трикови за да ја прекинете тахикардијата

Честото доживување тахикардија, односно напади на брзо срцебиење поради стрес или без никаква причина, е појава и кај мажите и кај жените во сите животни доби. Чувството е многу непријатно и сите сакаме што е можно побрзо да го прекинеме. Ви претставуваме три трикови преку кои за помалку од една минута ќе може да го намалите вашиот пулс.

Метода со ладна вода



Потребна ви е ладна вода, па дури и ледена. Се што треба да направите е да вдишете длабоко и да го нурнете лицето во ладна вода и да останете во неа колку што можете да издржите. Оваа постапка го стимулира нервот vagus кој делува на забавување на срцевиот ритам. Кога го држите лицето во ладна вода телото праќа сигнал за забавување на метаболизмот познат како рефлекс на нуркање кој го намалува брзото срцебиење.

Многу длабоко дишење



Вдишете многу длабоко, до точка да не можете повеќе да земате воздух. Потоа брзо издишете го воздухот од градите. Повторувајте ја постапката додека е потребно, но не е доволно само длабокото дишење. Потребно е да вдишувате до крајни граници на градниот кош, со цел методата да биде толку ефикасна за да го намали брзиот ритам на срцето.

Валсава маневар



Вдишете длабоко, затворете го носот и устата и пуштете го воздухот јако во себе без испуштање надвор, исто како кога се напрегате за да се олеснете. Задржете го овој притисок колку што можете да издржите. Потоа испуштете го воздухот и опуштете се. Можете да почувствувате блага вртоглавица, но тоа е нормално.

Потрудете се да ги практикувате овие методи повеќе пати, за на крај да почувствувате која најдобро ви делува. Сепак, ако често имате епизоди со забрзани отчукувања на срцето кои траат повеќе од 20 или повеќе минути, чувствувате несвестица, болки и други тегоби под итно да побарате медицинска помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...