Луѓе отпорни на маларија, СИДА, висок холестерол...

Генетскиот материјал кој го носиме во себе не прави да се разликуваме од останатите кога се работи за бојата на косата или очите. Но, меѓу нас постојат луѓе кои имаат способности што повеќето ги немаат, благодарение на одредени мутации на ДНК.

Отпорност на висок холестерол



Денес, повеќето луѓе имаат проблеми со високиот холестерол. Холестеролот може да предизвика сериозни срцеви болести, кои на крајот може да предизвикаат смрт, па препораката на лекарите е да се намали консумирањето на брза и масна храна. Но, постојат и луѓе кои може да јадат се што сакаат без страв. Нивото на лошиот холестерол останува на минимум без разлика на тоа дали јадат крофни, јајца, пица, пржена сланина или хамбургер секој ден. Благодарение на ретката генетска мутација, нив им недостига генот PCSK9.

Иако недостатокот на некој ген обично значи проблем, за нив тоа е корисно. Оваа мутација откриена е пред 10 години. Најчесто се работи за Афроамериканците кои благодарение на таа мутација имаат 90% помал ризик од срцеви болести. По ова откритие, лекарите се трудат да направат лек кој ќе го блокира постоечкиот ген кај останатата популација за да се контролира маснотијата во крвта.

Отпорност на ХИВ

Сидата е една од најтешките болести во денешно време, а научниците се уште не нашле лек. Оваа неизлечива болест за многумина е најголем страв, но на некои луѓе не им се заканува таква опасност, токму поради генетската мутација која го блокира протеинот CCR5. ХИВ вирусот го користи тој протеин како врата за влез во човечкиот организам, а бидејќи кај нив е блокиран, овие луѓе не може да заболат од СИДА. Сепак, таа генетска мутација ја имаат само 1% од белците во светот.

Супер густа коса



Со текот на годините, густината на косата се намалува, што ја чини косата многу кршлива. Постои група луѓе која ни во староста немаат проблем со густината на косата и остеопорозата. Тајната е во мутацијата на SOST генот. Овој ген го поседуваат припадниците на африканската популација, а е важен затоа што го контролира протеинот кој ја регулира густината на косата. Ако се појави само една копија на генот кај човекот, неговата коса е неверојатно цврста и во староста, но две копии од генот може да предизвикаат проблеми како што се гигантски и неконтролиран раст.

Отпорност на маларија

Маларијата е болест од која секоја година умираат над 600.000 луѓе во светот. Сепак, некои луѓе се отпорни на овој вирус токму поради други болести. Се работи за еден вид на анемија во која постои абнормален тип на хемоглобин во ертитроцитите. Маларијата е паразит кој навлегува во црвените крвни зрнца, таму се размножува и на крај ги уништува. Абнормалниот хемоглобин не е добар домаќин на паразитот, па заболените од оваа болест се отпорни на маларија.

Златна крвна група



До пред некое време, верувавме дека постојат четири крвни групи: 0, А, В и АВ, кои може да ги поделиме на осум крвни групи во зависност од тоа дали Rh факторот е позитивен или негативен. Општо правило е дека крвната група 0 е универзална и секој може да ја прими, но тоа не е во целост точно.

Постои навистина редок тип на крв, наречен Rh-ништо, која не содржи никакви антигени во Rh составот. Она што ја прави оваа крвна група посебна е што е многу подобар универзален дарител и од крвната група 0. Компатибилна е со сите други ретки крвни групи, но во светот има само десет живи дарители. Оваа крвна група уште се нарекува и златна, а оние кои ја имаат може да им помагаат на сите, но ако нив им треба може да примаат исклучително само од нивната крвна група.

Јадат човечко месо без последици

Освен моралните постојат и здравствени причини поради кои на ниеден вид не му се препорачува да јадат месо од припадниците од сопствениот вид. Имено, речиси цело племе Fore од Нова Гвинеја, кон средината на 20 век, почина од епидемија на некоја болеста. Се работи за дегенеративна и фатална болест на мозокот, слична на кравјото лудило, поради која мозокот се претвора во „каша“. Заболените прво доживуваат проблеми со меморијата, а потоа полудуваат, со тоа што со болеста може да живеат неколку години. Во почетокот антрополозите и лекарите не можеле да сфатат зошто племето е болно, но потоа откриле дека болеста се шири на т.н. погребни гозби каде што во знак на почит кон покојникот се јаде дел од неговото тело. Но, сепак, не биле сите заразени по тој канибалистички ритуал, а преживените имале мутација на генот наречен G127V, кој ги спасил иако консумирале заразени тела.

Спијат од 3 до 4 часа дневно без последици



На просечниот човек потребни му се 8 часа сон за да може нормално да функционира, но постојат луѓе кои со години може да спијат 3 до 4 часа, а тоа да не влијае врз нивното здравје и способности. Ова се објаснува преку мутација на генот DEC2, поради кој спијат помалку, а сепак добро функционираат. Дури и некои познати личности го поседувале овој ген, а меѓу нив се Маргарет Тачер, Наполен и Алберт Ајнштајн.

Јасно гледаат под вода

Повеќето животни јасно гледаат во вода, но тоа не е случај и со луѓето. Нашиот вид е ограничен и матен бидејќи водата има слична течност како и нашите очи. Сепак, одредена група од племето Мокен има способност јасно да гледа под вода, па дури и на длабочина од 22 метри. И не само тоа. Научниците дури и утврдиле дека луѓето од ова племе имаат дупло поостар вид во вода. Тие поминуваат осум месеци на своите бродови, а на копно се враќаат само за да ги земаат потребните работи. Тие од морето собираат работи на традиционален начин, без маски или опрема за нуркање, а без проблем може да разликуваат камен од школка на дното.

Толеранција на ниски температури



Повеќето луѓе не ја сакаат зимата, ниту ниските температури. Сепак, народите како што се Ескимите, кои живеат во екстремно ладни предели, се прилагодуваат на ниските температури. Студиите покажале дека човекот кој не е со потекло од Сибир ни по 50 години живот во тие делови на светот, не ги поднесуваат лесно ниските температури, додека оние чии предци потекнуваат од таму, немаат проблем со зимата. Тие луѓе имаат околу 50% побрз метаболизам благодарение на она што го доживуваат во зима. Исто така, разликата е во бројот на потните жлезди, кои овозможуваат телото да испушта пот, односно имаат помалку жлезди отколку луѓето во топлите краеви во светот. Благодарение на тоа Абориџините во Австралија може да спијат на ладна земја, а Ескимите може да пливаат во ледена вода без никакви здравствени проблеми.

Спремни за живот на екстремна надморска височина


Тибеќаните и Непалците живеат на просечна висина од 4.000 метри, каде што воздухот содржи околу 40% помалку кислород. Нивните организми се прилагодени со поголем капацитет на белите дробови, а за разлика од „нормалните“ луѓе, кои на големи висини произведуваат поголем број на црвени крвни зрнца, тие произведуваат помалку – со што се спречува згрутчување на крвта. За тоа е заслужна генетската мутација односно продолжението на ДНК, наречен EPAS1. Научниците сметаат дека до мутација дошло во последните 100 генерации, што е многу кратко време од перспективата на еволуцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...