Симптоми на рак на дебелото црево за итна посета на лекар

Секоја година од рак на дебелото црево заболуваат илјадници луѓе.

Зошто се јавува ракот на дебелото црево?

Како и кога станува збор за останатите типови на рак, причината за појава на ракот на дебелото црево не е во потполност јасна. Најчесто се јавува како последица на дејство на наследни фактори и фактори на средината, начинот на исхрана и животниот стил.

Како фактори на ризик се истакнуваат исхраната богата со црвено месо и животински масти, цигарите, алкохолот, прекумерната телесна тежина и слабата физичка активност.

Кој може да заболи од рак на дебелото црево?

Од овој вид на рак постои можност да заболи секој човек, но најризична група се луѓето на возраст помеѓу 50 и 74 години од двата пола.

Кои се симптомите на рак на дебелото црево?

Оваа болест се развива долго, без видливи тегоби. Кога знаците ќе се појават, тоа значи дека болеста веќе е во напредна фаза.



Најчестите симптоми на ракот на дебелото црево се:

- крварење во столицата
- промени во празнење на цревата
- болки во стомакот
- слабокрвност
- загуба на телесна маса

Како се постигнува рано откривање на ракот на дебелото црево?

Раното откривање (скрининг) на ракот на дебелото црево подразбира тестирање на здрави луѓе, без присутни симптоми на болеста, со цел да се откријат промени, најчесто полипи, кои претходат на настанување на рак или рак во рана фаза.

Полипите претставуваат бенигни израстоци во внатрешноста на цревата. Во некои полипи со време може да настанат малигни (штетни) промени. Времето на претворање на бенигните во малигни полипи се мери со години. Со навремено откривање и отстранување на полипите пред моментот во нив да се појават малигни промени, всушност се спречува настанокот на ракот.



Постојат неколку начини на скрининг. Тестирањето на примерок од столицата за присуство на крв, која е невидлива со голо око, а која често е прв знак на постоење на полипи или рак на дебелото црево, е најчесто користена метода.

Сите лица кои се на возраст од 50 до 74 години би требало да направат тест на скриено крварење во столицата.

Позититвниот тест не значи постоење на рак. Оние кај кои тестот е позитивен се упатуваат на колоноскопија, за да се открие причината за крварењето – бениген полип, малигна болест или некое друго заболување на дебелото црево. Доколку тестот е негативен, повторното тестирање на скриеното крварење во столицата се прави на секои две години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...