Вакцина го претвора ракот во хорнично заболување

Кубанска вакцина против рак на белите дробови го трансформира канцерот во хорнично заболување и ги одржува во живот пациентите кои редовно ја примаат, тврди кубанскиот имунолог Педро Камило Родригес.



Родригес, кој е раководител на тимот што ја создаде терапевтската вакција „Симавакс ЕГФ“, во интервју за српскиот весник „Наше новине“, објаснува како таа дејствува и кај кои пациенти е најефикасна.

- Постојат јасни критериуми по кои се одредува пациентот кај кого вакцина дејствува, а резултатите покажуваат дека голем број болни лица по примањето, живеат подолго од пет години што без „Симавакс“ би било незамисливо, наведува Родригес.

„Симавакс ЕГФ“ е наменет за пациенти кои имаат немикроцелуларнен рак на белите дробови по одминатата трета Б или четврта фаза, објасни Родригес, додавајќи дека најновите резултати покажуваат дека вакцината има најдобар ефект кај пацинети со зголемено ниво на ЕГФ, односно факторот на раст кој предизвикува метастази.



- Да не бидеме погрешно разбрани, нејзина цел не е да го излекува болниот кој има рак на белите дробови во поодминат стадиум, туку да му овозможи тој да продолжи да живее со болеста. Поточно, вакцианта го успорува и прекинува напредувањето на метастазите на другите органи. Со самото тоа се зголемува преживувањето и квалитетот на животот, истакнува кубанскиот лекар.

Родригес објаснува дека „Симавакс ЕГФ“ го трансформира канцерот во хорнично незаразно заболување, како што се хипертензијата или дијабетесот, а пациентите во тој случај редовно ја примаат вакцината која ги одржува во живот, како инсулинот кај дијабетичарите.

Кога станува збор за можни контраиндикации, кубанскиот лекар наведува дека вакцината „Симавакс ЕГФ“ е безбедна и како таква ја регистрирала кубанската агенција за лекови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...