Што ќе ви се случи доколку пиете по 4 шолји кафе на ден?

Иако големата количина на кафе не е добра за желудникот, а може да доведе и до несоница, научниците имаат нови докази дека нашиот омилен црн пијалак вушност е многу здрав и дека нè штити од многу болести.



Кај луѓето кои дневно пијат од 3 до 5 шолји кафе, забележан е помал ризик од предвремена смрт како последица од срцеви заболувања, дијабетес и Паркинсова болест, а исто така, љубителите на кафе се и помалку склони кон депресивна состојба и самоубиство.

Без оглед на тоа дали станува збор за кафе со кофеин или без него, овој напиток благотворно влијае на општата здравствена состојба, тврдат членовите на Харварскиот оддел за јавно здравство.

Во истражувањето биле опфатени луѓе кои или воопшто не пиеле кафе или консумирале помалку од две шолји на ден, а потоа резултатите ги споредиле со резултатите на оние кои пиеле умерена количина од овој напиток, како и на оние кои на ден пиеле и до пет шолји.



- Биоактивните состојки на кафето ја намалуваат отпорноста на инсулинот, а го спречуваат и развојот на воспалителни процеси во организмот, вели Минг Динг, главниот автор на студијата.

Резултатите на истражувањето се темелат на податоци собрани од три големи анкети спроведени помеѓу 300.000 медицински сестри и здравствени работници, кои за време на 30 годишен период редовно пополнувале прашалници за сопствената здравствена состојба и животните навики.

Со оглед на тоа што студијата се темели на субјективни одговори на испитанците во врска со нивните навики, веродостојноста на резултатите може да се доведе во прашање. Токму затоа, експертите не им советуваат баш на сите луѓе дека можат да консумираат енормни количини на кафе.



- Повеќе кафе смеат да пијат само здравите лица, кои се придржуваат до здравиот стил на живеење. Трудниците, доилките, лицата со висок крвен притисок и младите би требало да водат сметка за тоа колку кофеин внесуваат во својот организам и не би смееле да претераат во тоа, порачува Франк Ху, коавтор на студијата, кој предава нутриционизам и епидемиологија на Харвард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...