Дејли Меил - Лондон

Кој вид ќе загосподари на Земјата, ако исчезнат луѓето?

Лик Бузје, професор на Универзитетот Стерлинг во Шкотска објасни кои се шансите некој друг вид да ја насели Земјата и зошто е малку веројатно дека во прашање ќе бидат приматите.

За почеток, прашањето е кој вид воопшто моментално е доминантен.

Многумина веднаш ќе помислат на човекот, но факт е дека растенија има многу повеќе. Дури, ако се водиме според бројките, тогаш може да се каже дека доминантни се бактериите, без оглед на тоа што „времето на микробите‟ завршило пред 12 милијарди години.

Тоа не се случило затоа што нивниот број многу се намалил, туку затоа што човекот има склоност кон тоа да придава поголемо значење на поголемите организми, пишува Дејли меил.

Човекот е многу антропоцентричен, па така во филмот „Планетата на мајмуните‟ е прикажано како нашите најблиски роднини приматите ја развиваат способноста на говорот и ја усвојуваат човековата технологија, ако за тоа им се пружи шанса.

Но, било кој вид на примати кој не е човек, тешко да стане доминантен ако исчезне човекот, бидејќи се смета дека мајмуните ќе бидат истребени многу порано пред човекот.

Луѓето исто така се единствени преживеани хуманоиди чиј опстанок не е загрозен, а ако дојде до некоја катаклизма или болест која ќе го истреби човекот, најверојатно не би биле поштедени ни мајмуните.

Од сите цицачи на Земјата човекот поседува најголем степен на интелигенција, но еволуцијата не ја фаворизира посебно интелигенцијата, туку било која особина која ќе овозможи опстанок на видот. Кој вид би можел да биде доминантен по некои 50 милиони години по исчезнувањето на човекот?

За жал, научниците немаат одговор на ова прашање, но бактериите, црвите и мравките се наведуваат како потенцијални „наследници‟ на хомо сапиенсот.

Иако се знае дека тоа секако нема да бидат шимпанза кои зборуваат, претходните неколку големи настани кои ја опустошиле Земјата покажале дека по катаклизма настапува цветање на различни видови, како и настанување на нови видови.

Малите суштества, кои во периодот на кредата, бегале пред нозете на диносаурусите, многу се разликувале од своите наследници мечките и китовите кои се појавиле во времето на цицачите.

Исто така, влекачите кои го преживеале пермско-тријаското изумирање кое се случило пред околу 250 милиони години, кога биле истребени околу 90 отсто водни и 70 отсто терестријални видови, не ги засениле птеросаурусите, диносаурусите, цицачите и птиците кои потекнуваат од нив.

Во својата книга „In Wonderful Life: the Burgess Shale and the Nature of History‟ научникот Стивен Гуилд наведува дека случајноста играла голема улога во главните големи премини внатре во животинскиот свет. Неговиот увид дека тешко можеме да го предвидиме успехот на модерните лози во иднината е скромен потсетник за комплексноста на еволутивните транзиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...