Лабораториски „растени“ очи од матични клетки

Биолози од Osaka University во Јапонија откриле нов начин за негување и растење на засебни ткива од кои би можело да се создаде ново човечко око.



Во прелиминарната студија, јапонските истражувачи култивирале и израснале обвивки од рожницата на зајачко око, со чија помош се повратил видот кај слепи зајаци родени без до крај оформени рожници. Тоа било постигнато со земање на примероци на клетки од кожата на зајаците, кои потоа биле искористени за формирање на четирите слоеви на клетки од кои подоцна се оформуваат разни сегменти од окото (рожница, мрежница, леќата и др.)

Студијава на јапонските истражувачи се базира на пробивот во технологијата за матични клетки од 2006-та, кога научниците откриле дека можат да се креираат матични клетки од обични клетки од крвта или кожата на возрасен човек или дете, преку неколку едноставни подесувања на DNA. Клетките добиени на овој начин се викаат iPS (induced pluripotent stem cells/индуцирани плурипотентни матични клетки), а ова откритие во 2012-та им донело Нобелова награда за медицина на двајцата научници Shinya Yamanaka и Sir John Gurdon.

Јапонскиот тим открил дека iPS клетките (растени во петриев сад, во кои што е додадена правилна комбинација од протеини и останати молекули) можат да се присилат да формираат едноставно прото-око (составено од четири слоеви на клетки), од кое подоцна би се издвојувале ткива од кои се оформуваат останатите делови од окото. Овие петриеви садови всушност ја претставуваат една од најраните и наједноставни фази кои што се случуваат при формирањето и на биолошкото око.

Се очекува наскоро да започнат истражувања и на луѓе, кои доколку се покажат успешни, во многу скоро време ќе можат лабораториски да се „произведуваат“ очи од кожата на самите пациенти на кои што им е потребна интервенцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...