Словенечки и шкотски научници открија „ген на виткоста“

Со генетска и молекуларна анализа на 60 генерации глувци, едни кои биле склони кон дебелеење и други многу слаби, словнечките научници во соработка со биотехнолози од универзитетот во Единбург открија „ген на виткоста“ што може да помогне во сузбивање на дебелината и на дијабетесот тип 2 кај луѓето.

Шкотските и словенeчките научници ја објавија студијата во списанието за експериментална медицина „Nautre Medicine“, пренесува Фена.

Во среда на јавно претставување на истражувањето на Хемискиот институт во Љубљана, ќе зборува еден од лидерите на истражувањето, биотехнологот д-р Симон Хорват.

Со генетско мапирање на глувци, истражувачите открија дека тие кои се слаби и без премногу маснотии на ткивата имаат повисоко ниво на генот ТСТ (триосулфат-сулфур-трансераза) чија улога во метаболизмот досега не беше позната.

Истражувањето на глувци се примени и врз луѓе, во повеќе земји и потврдено е повисоко ниво на ТСТ во масното ткиво на слаби и здрави луѓе, додека со прекумерна тежина и заболени од дијабетис била ниска.

Станува збор за важно откритие, затоа што научнициите веруват дека со стимулирање на генот ТСТ, развојот на дебелината и дијабетес тип 2 би можело да се спречи дури и кај оние кои јадат висококалорична храна.

Научниците од Хемискиот институт за Биотехнолошкот факулетет во Љубљана сметаат дека со откривањето на дејствувањето на „генот на виткоста“ во иднина би можело да се развијат лекови за дијабетес со помош на фармаколошки срества или користење на модерна синтезна биологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...