Супстанца за трансформирање на инфрацрвена светлина во видлива

Светлината е една од примарните работи кои му овозможуваат на човекот да функционира ефективно и ефикасно. Меѓутоа, поголем дел од неа не е воопшто видлив за нас.

Светлината или електромагнетската радијација, е широк спектар од кој само мал дел е видлив со голо око и тој е познат како видлив спектар. Останатите региони кои вклучуваат радио бранови, микро бранови, терахерцна радијација, инфрацрвена и ултравиолетова светлина, рендгенски и гама зраци – сите тие се невидливи за луѓето.

Во 1800 год., Фредерик Вилијам Хершел ја открил инфрацрвената светлина – дел од инфрацрвените зраци се термални, што значи можеме да им ја почувствуваме топлината но не и да ги видиме, а исто како и оние на видливата светлина, инфрацрвените зраци може да бидат рефлектирани, прекршени, апсорбирани и пренесени.



Сега, тим научници од Philipps-Universität Marburg од Германија развиле супстанца кој ја трансформира инфрацрвената светлина во видлива светлина, а за потребите на експериментот била дизајнирана структура во форма на дијамант направена од сулфур и калај, премачкана со специјална органска супстанца која е стабилна на воздух и термално стабилна до 300°C. Името на оваа супстанца е и нејзината хемиска формула, т.е [(RdelocSn)4S6](Rdeloc=4–(CH2=CH)–C6H4) :) Потоа, врз структурата биле испукувани инфрацрвени ласери, чија бранова должина на зраците била променета од молекулите од супстанцата, преку кој што процес тие станале видливи.

Научниците сметаат дека ова откритие, покрај во системите за проекција, ќе направи напредок и во технологијата на насочена илуминација (која се користи, на пример, во напредни вооружени системи кои користат високо енергетски ласери).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...