CLOUD SERVER

Можни начини за продолжен или вечен живот

Сонот за постигнување на бесмртност секогаш постоел и ќе постои. Еве неколку начини на кои што научниците се обидуваат да го продолжат човечкиот живот:



Префрлање на умот на „cloud” сервер

Едно од поекстремните решенија за решавање на проблемот со бесмртноста е едноставно да го префрлиме нашиот ум на некој сервер и потоа да го симнеме во робот кој би бил негов носител. Еден таков проект веќе постои и е наречен „Avatar Project”. Дел од т.н Иницијатива 2045, овој проект планира да ја трансферира човековата свест во не-биолошки супстрат до средината на овој век.



Пиење на пилула

Одредени лекови, како што е метформинот (кој се користи за лечење дијабетес), според некои истражувања можат да го продолжат човековиот живот за 50%. Фармацевтски компании како Gero веќе развиваат пилули против стареење кои користат “геропротектори“ – соединенија како карнозин, рапамицин и метформин, кои би требало да ја продолжат младоста на ткивата и на стари години.

Спојување со машините

Решение за продолжување на животот може да е и креирање на хибрид од човек и машина, поточно киборг. Компанијата SynCardia има развиено вештачко срце кое неговиот реципиент може да го одржува во живот 4 години, што значи дека во иднина можеби ќе можеме органите кои ни откажуваат да си ги замениме со машини кои ќе не направат полубесмртни кибернетски организми.

Користење на нанотехнологија

Веќе се започнати експерименти со внесување на нанороботи во човечкиот организам, чија задача е лоцирање на заболени клетки, поправање на органи и сл. Доколку оваа технологија доволно се развие, малечки машини ќе можат да пловат низ нашиот крвотот и да ни го чистат метаболичкиот отпад, да елиминираат разни наслаги и да се борат против разни болести.



Создавање на подобар човечки организам

Најдобрата солуција би била да се редизајнира човечкиот организам на генетско ниво. Компании како Human Longetivity Inc. и Calico веќе работат на секвенцирање на човечкиот геном и барање на генетските предизвикувачи на стареењето, со цел да ги елиминираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...