Причина за најголемата вулканска експлозија досега

Индонезискиот (супер)вулкан Тоба имал катаклизмичка ерупција пред 73 000 години, која го опустошила регионот и за малку што не предизвикала комплетно истребување на човештвото.

Ерупцијата на Тоба била најголемата во историјата, која 2800 кубни километри од околниот регион комплетно ги покрила со пепел, предизвикувајќи огромни количества на дожд во Индонезија и Индија.

Веќе долго време се дебатира како точно се креира толкава количина на магма (и зошто еруптира толку насилно), а група истражувачи од Универзитетот Упсала, заедно со нивните интернационални колеги, сметаат дека одговорот за тоа лежи во милиметарските кварцни кристали кои се наоѓаат во вулканскиот пепел и карпи.

Кварцните кристали растат во магмата, и ги регистрираат хемиските и термодинамичките промени пред ерупцијата – слично на начинот како прстените на дрвјата ги регистрираат климатските промени.

Кога состојбите во магмата ќе се променат, кристалите реагираат на тоа со произведување на специфични зони кои ги регистрираат овие промени.

Студирајќи ги кварцните кристали од Тоба, истражувачите откриле дека постои разлика во композицијата и тежината на нивниот надворешен дел, во споредба со внатрешниот. Надворешноста била потешка и содржела форма на кислород наречена 18O. Во внатрешноста, пак, се наоѓала полесна негова форма, наречена 16O.

Научниците сметаат дека причината за тоа е што кога магмата во вулканот се растопила, со себе повлекла и голема количина на околните карпи кои во себе содржат доста вода, која при контакт со магмата произведувала пареа, притоа зголемувајќи го притисокот во комората каде што се наоѓа магмата.

Овој зголемен притисок бил причина за насилната експлозија која исфрлила илјадници кубни километри магма во атмосферата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...