Соларни ќелии потенки од човечко влакно

Инженери од Јужна Кореа развиле исклучително тенки и флексибилни соларни ќелии кои можат да се обвиткаат околу објект со големина на пенкало.

Фотоволтачни уреди како овие би можеле да се користат за напојување на електроника која што се носи, како што се фитнес тракерите, разни „паметни„ текстилни материјали со вградени сензори во нив, паметни очила (од типот на Google Glass) и сл.

Новата фотоволтаичната ќелија е дебела само 1 микрометар, што е милионити дел од метар – тоа е потенко и од просечно човечко влакно.

Инженерите од Гуанџу институтот за наука и технологија во Јужна Кореја го користеле полупроводникот галиум арсенид и директно ги поставиле ќелиите во флексибилен субстрат без додавање на било какво лепило. Потоа тие биле „ладно заварени“ на електродата, а фоторезисторот бил тргнат за да се постигне директен контакт на метал со метал. Металната долна страна исто така има функција да ги одбива заскитаните фотони назад кон соларните ќелии.

Тестовите покажале дека овие ќелии биле ефикасни исто како и далеку подебелите и дека можеле да се обвиткаат околу објекти со радиус и до 1.4 милиметри, а притоа биле и помалку кршливи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...