Човечки клетки трансформирани во биокомпјутери

Во нова студија објавена во журналот Nature Biotechnology, истражувачки тим од Универзитетот во Бостон на чело со синтетичкиот биолог Вилсон Вонг успеал да претвори клетки од цицачи во биокомпјутери способни да вршат комплексни пресметки. Ова им успеало со користење на гени од клетки од човечки бубрег.

За потребите на студијата, било дизајнирано генетско коло со помош на постоечка машинерија во клетките наречена промотер, во кои биле внесувани 4 дополнителни парчиња ДНК дизајнирани за создавање на зелен флуоресцентен протеин (GFP) кој ја осветлува клетката кога таа се „вклучува“ преку одреден лек.

Со оваа техника, Вонг и неговиот тим успеале да создадат 113 различни кола со 96.5% успех. Наголемо достигнување било создавањето на коло кое можело да врши една од 16-те логички операции.

Во суштина, компјутерот е машина која процесира информации преку разни пресметки – колку неговите кола се помоќни, толку покомплексни пресметки може да извршува. Слично на тоа, генетски модификуваните клетки кои функционираат како миникомпјутери можат да бидат повеќе или помалку моќни, во зависност од нивниот инженеринг.

Претходно, други истражувачи исто така имале создадено генетски модификувани органски материјали, како на пример создавање на клетки кои светат кога нивото на кислород ќе падне под одредена бројка.

Тимот на Вонг сега засега нема направено клетки кои би можеле да извршуваат компјутерски процеси кои би биле корисни, но доказот дека овој концепт функционира отвара пат за создавање на покомплексни биокомпјутери.

Според некои научници, потенцијално би можеле генетски да ги модифицираме Т-клетките во имунолошкиот систем за да отстрануваат тумори детектирани преку биомаркери. Овој метод би ја подобрил и способноста за генерирање на ткива по потреба кои би ги менувале оштететните делови од телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...