Стартап компанија нуди upload на мозокот, но под еден услов

Стартап компанијата Nectome планира да нуди услуга со која мозокот се балсамира со специјална формула, за да еден ден кога нервните конекции ќе можат да се конвертираат во компјутерски код се овозможи бесконечен „живот“. Сепак за да тоа го сторат, мозокот ќе мора да е сè уште жив.

На листата за чекање на оваа услуга е потребно да се уплати депозит од $10 000, а на неа веќе се наоѓаат 25 супер-оптимистични (или премногу лековерни) индивидуи кои ќе си го чекаат редот за нивното парче од дигиталниот рај.

Nectome се сè уште во истражувачката фаза, бидејќи добиле награда од $80 000 за нивната работа поврзана со конзервирање на мозок од свиња чии синапси биле сочувани, што всушност е тајната на нивниот план. Со конзервирање на мозокот во соединение кои ефективно ги запечатува сите нервни конекции, тие се надеваат дека тој ќе може да преживее во случај некогаш да откриеме како тие информации да се префрлат во софтвер.

За жал, овој процес мора да се случи додека срцето сè уште чука, што значи дека оној кој ќе реши да си го сочува мозокот со овој процес, од таа процедура ќе излезе само мртов.

Ова би било законски под многу специфични услови, како што се оние на законот за „опција за завршеток на животот“ донесен во Калифорнија во 2015.

Така, Nectom би овозможиле трошка надеж за пациентите соочени со неизлечиви терминални болести кои теоретски би можеле да се разбудат во виртуелен задгробен живот со дигитален мозок во далечната иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...