Мутации кои може да ни објаснат како луѓето еволуирале да живеат долго

Откритието на околу 25 генетички промени би можело на некој начин да ја објасни способноста на луѓето да живеат толку долго (подолго од останатите примати), па дури и да отвори пат за нови третмани кои би ни го продолжиле животот.



Истражувачите типично ја студираат генетиката на стареењето преку споредување на групи организми со краток животен век, како овошните муви или нематодите. Понекогаш, тие анализираат и фамилии кои имаат повеќе од просечниот број живи пра-дедовци, како и бази на податоци за да гледаат како гените еволуираат.

Сето ова ни дава показатели кои гени придонесуваат за подолг живот, но не ни кажува многу за тоа зошто нашиот вид може да живее подолго од еден век, додека нашите „роднини“ како што се горилата и шимпанзото живеат едвај 60-тина години.

Еден концепт кој вреди да се истражи е наречен плиотропска хипотеза, која пред 50-тина години била предложена од американскиот биолог Џорџ Ц. Вилијамс како начин да се објасни како еволутивните процеси ги објаснуваат разликите помеѓу луѓето и приматите.

Хипотезата се базира на феноменот на плиотропијата – единечни гени кои влијаат врз мноштво физички карактеристики.

Ако генот помага да се продолжи животниот век на организмот, според Вилијамс, истиот тој ген би се пренесувал на идните генерации доколку поради него тие би го доживеале репродуктивното доба.

Сега, тим воден од истражувачи од институтот за еволутивна биологија во Шпанија решиле да ги „ловат“ мутациите помеѓу различни видови на примати за да научат повеќе околу гените кои нас ни даваат предност во поглед на животниот век.

Со идентификување на статистички врски помеѓу максималниот животен век и останати животни карактеристики кои придонесуваат за здравјето и преживувањето, тимот открил дека само три видови примати ги надживеале нивните предци – луѓето и два вида макаки.

Овие видови потоа служеле како репер за споредување на приматите кои еволуирале да живеат подолго. Анализата на разликите помеѓу секвенците на различни амини киселини, било заклучено дека 25 генетски промени еволуирале посебно кај секој од трите видови кои се издвојувале – што би сугерирало дека овие гени помогнале нивниот животен век да се продолжи.

Овие гени биле поврзани со кардиоваскуларното здравје, вклучувајќи сигнални фактори кои помагале во заздравување на раните и промените во коагулационите патишта.

Истите овие процеси влијаат на нашите животи на разни начини и ни помагаат да созрееме, што само ја потврдува плиотропската хипотеза на Вилијамс.

Бидејќи ова истражување било фокусирано претежно на протеинските продукти од гените, би можеле да постојат бројни други фактори кои истражувачите не ги забележале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...