Суровата вистина за жртвите од вулканот Везуф

Во август 79-тата, ерупцијата на вулканот Везув предизвикала бројни смртни случаи, од кои сега е заклучено дека повеќето се случиле поради испарување на крвта и сите телесни течности.  

Археолозите од универзитетската болница Федерико II во Италија направиле студија врз коските од 12 комори од Херкуланеум,  еден од градовите најблиску до вулканот,  и откриле чудни остатоци од црвен и црн минерал во нив, како и во внатрешноста на черепите и во пепелот околу и внатре во скелетите.

Според спекторметрија на плазмичната маса и микроспектроскопски анализи, се утврдило дека остатоците содржат железо и железни оксиди – што би се случило единствено доколку крвта зоврела и се претворила во пареа.

Во Херкуланеум имало 12 комори покрај плажата кои биле прибежиште за околу 300 луѓе, кои потоа станале и нивна гробница каде биле погодени од пирокластичниот бран.



Овој бран бил со температура помеѓу 200 и 500 °C и патувал со брзини помеѓу 100 и 300км/ч., што значи дека луѓето во коморите умреле во истиот момент.

Анализата, на нивните черепи, покажала пукнатини и експлозии како и нивно поцрнување, што било протолкувано како ефект кој е комбиниран резултат од директно изложување на огромната топлина и зголемување на интракранијалниот притисок на пареата што предизвикала експлозија на мозочното ткиво внатре во черепот.

Со други зборови, мозоците на жртвите се „свариле“ и експлодирале во черепот. Денес, Везув е сè уште активен со скоро 4 милиони луѓе кои живеат во неговата близина, а најскората ерупција била во 1944.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...