Под површината на Земјата има масивна биосфера

Длабоко под површината која ја населуваме, нашата планета има неверојатно распространета и длабока „темна биосфера" на подземни животни форми кои научниците тукушто започнуваат да ги разбираат.



Скриени во ова подземје, некои од најстарите организми на Земјата живеат на места на кои животот дури не би ни требало да постои.

Резултатите од 10 годишната соработка помеѓу над 1000 научници покажуваат дека длабоката биосфера – зоната каде што има живот под површината на Земјата – има волумен помеѓу 2 до 2.3 милијарди кубни километри, што е скоро двојно повеќе од волуменот на сите океани на планетата.

Како и океаните, оваа биосфера е извор на неброено многу форми на живот – популација која има 15 до 23 милијарди тони јаглеродна маса, што е 245 до 385 пати повеќе од еквивалентната маса на сите луѓе на површината на планетата.

Ова откритие е базирано на анализите на микроби екстрахирани од примероци земени 2.5 километри под морското дно или добиени со дупчење на длабочини над 5 километри.



На овие длабочини две форми на микроби - бактерии и археи (едноклеточни микроскопски организми) - доминираат во биосферата и сочинуваат 70% од вкупниот број од сите бактерии и археи на Земјата.

Колку различни видови на организми постојат, не знае никој, но научниците сметаат дека се работи за милиони кои чекаат да бидат откриени и карактеризирани.

Овие форми на живот не се необични само поради нивниот изглед и живеалишта, туку и поради начините на кои постојат – со неверојатно бавни и долги животни циклуси, без изложеност на сончева светлина, добивајќи хемиска енергија од нивните карпести опкружувања.

Некои вакви организми можат да постојат и со милениуми. Тие се метаболички активни, но во еден вид мирување и трошат помалку енергија отколку што воопшто сме сметале дека е возможно за одржување на живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...