Риби и пчели комуницирале едни со други преку роботи

Истражувачите овозможиле две многу различни видови на животни да „зборуваат“ едни со други со помош на роботи.

Тимот истражувачи од лабораторијата за биороботика (BioRob) при Ecole Polytechnique Federale de Lausanne во Лозана, Швајцарија, успеал да натера група пчели лоцирани во Австрија да телекомуницираат со група риби во Швајцарија.

Секоја група животни имала роботски „двојници“ кои служеле како комуникациски релеј, поврзувајќи ги двете групи и влијаејќи на нивното однесување.

Роботите во секоја група емитирале сигнали специфични за тој вид на животни – роботите кај пчелите вибрирале, ја менувале температурата и создавале движења на воздухот, додека роботите кај рибите ја менувале бојата, формата и начинот на кој што се движеле. Секој робот снимал сигнали продуцирани од „неговиот“ вид на животни и ги пренесувал до другиот робот кој пораките ги „преведувал“ во нешто што неговата врста би можела да го разбере.

И покрај оддалеченоста од 700 километри, рибите и пчелите комуницирале. Во почетокот, нивната интеракција била хаотична, но подоцна се стабилизирала. По 25 минути и двете групи животни се синхронизирале – рибите почнале да пливаат во нивниот аквариум во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот, додека пчелите летале околу еден од нивните роботски терминали.

Ова истражување може да има разни примени. Со помош на ваквата технологија би се помогнало на роботските инженери да ги снимат, преведат и разберат биолошките сигнали, додека биолозите би можеле да ја искористат за подобро да го разберат однесувањето на животните и интеракциите во разните екосистеми. Во иднина, сличен пристап би можел да се употреби за охрабрување на животните да останат на безбедни локации (во случај на некоја катастрофа) или да се искористат за набљудување на нивната животна околина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...