Скоро 200 000 нови вируси откриени во океаните

Океаните кријат разни тајни во своите длабочини – како што се 195 728-те вируси кои научниците штотуку ги откриле за време на експедиција за испитување на морскиот живот и за кои што велат дека најголем дел од нив досега не биле видени никаде.

Пред оваа експедиција, биле познати само околу 15 000 океански вируси.

Истражувањето е базирано на примероци собрани помеѓу 2009-та и 2013-та од екипажот на бродот Тара, кој повеќе од една декада ги истражува океаните и ни дава информации со кои можеме да процениме како нашиот свет еволуира.

И покрај огромниот број откриени вируси и комплексноста на океаните, тимот истражувачи успеал да ги подели вирусите на 5 еколошки зони.

Научниците проценуваат дека во океаните има десетици милиони вируси од кои дел можат да постојат и надвор од водата, дури и во внатрешноста на нашите тела.



За потребите на оваа студија, покрај откривањето на нови вируси во примероците вода од длабочини до 4 километри, истражувачите исто така идентификувале нови нишки на микроби и други живи суштества кои живеат во океаните.

Со помош на ова ново истражување, научниците ќе можат попрецизно да го пресметаат балансот на кислородот и јаглерод диоксидот во атмосферата, бидејќи морските организми помагаат при рециклирањето на кислородот, а океаните впиваат и складираат CO2.

Повеќе живот под површината на водата значи повеќе СО2 конвертиран во органски јаглерод и биомаса, складирана во длабочините.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...