Што би се случило ако преку ноќ се истопи целиот мраз на планетата?

Дведесет и девет проценти од целиот слатководен мраз на Земјата се наоѓа врз Гренланд и Антарктикот, а секоја година сè поголем дел од него се топи во океанот.

Нормално, би требале стотици до илјадници години за да целиот се истопи, но што ако нешто се случи што би предизвикало глобално топење преку ноќ?



Додека спиеме, нивото на океаните би се зголемило за 66 метри. Крајбрежните градови како Њујорк, Шангај и Лондон би биле потопени во апокалиптични поплави, а 40 проценти од светската популација би била присилена да ги напушти своите домови.

Додека цел овој хаос се случува на површината, нешто подеднакво лошо ќе се случува и под нас, бидејќи сета таа солена вода ќе ги инфилтрира резервите на подземните води подалеку од копното, присилно излевајќи се во горните слоеви, поточно во изворите на водата за пиење, системите за наводнување, системите за ладење на нуклеарните централи и слично притоа уништувајќи ги.

Покрај сето тоа, мразот на Гренланд и Антарктикот е направен од изворска вода, што значи дека ако целиот се истопи, 69% од светската залиха на оваа вода ќе отиде директно во океаните.

На пример, Голфската струја е силна океанска струја која носи топол воздух во северна Европа и функционира со помош на густата солена вода од Арктикот, меѓутоа поплава од изворска вода би ја разредила оваа струја и би ја ослабела или комплетно би ја запрела.

Без тој топол воздух, температурите во северна Европа би се намалиле, со што би започнало „мини ледено доба“.

Кога ќе се истопи последниот 1% од мразот од кој не е дел од Гренланд или Антарктикот туку е дел од глечерите, ќе се ослободат заробените токсични хемикалии во нив, како што е DDT кои ќе ги затрујат реките, езерата, како и резервите со подземна вода.

Остатокот од тој 1% се наоѓа под земјата, претежно во арктичката тундра, во нешто што е наречено “пермафрост“ – органска материја која е замрзната под земјата повеќе од 2 години.

Во арктичкиот пермафрост се проценува дека има околу 57 милиони литри жива, а останатата органска материја во него е вкусен оброк за микроорганизмите, кои по нејзиното конзумирање ќе ослободат два најпотентни гасови – јаглерод диоксид и метан.

Научниците предвидуваат дека сето ова би можело да го дуплира моменталното ниво на стакленички гасови во атмосферата и потенцијално да предизвика накачување на глобалните температури за 3.5 °C во споредба со сегашните.

Кога тоа би се случило, „мини леденото доба“ во Европа би завршило, реките и езерата низ светот би почнале да испаруваат, со што би се предизвикале масовни суши и пустински клими. Сите тие водени испарувања во атмосферата, пак, би предизвикале уште почести и посилни бури, поплави и урагани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...