Прва јакна од синтетичка пајакова свила

Биотехнолошката стартап компанија Spiber и Goldwin, јапонскиот дистрибутер за The North Face, креирале прва масовно произведена јакна од ситнетичка пајакова свила.

Биле создадени 50 јакни од овој материјал базиран на ДНК на пајаковата свила, кои купувачите ќе можат да ги купат преку лотарија.



Ваквите јакни од лабораториска пајакова свила од други производители досега биле креирани само како прототипови и не можеле да се купат.

Пајаковата свила е протеинско влакно кое има уникатна способност да ја комбинира силата и растегливоста, правејќи ја идеален материјал за издржлива облека. Се смета дека нишки пајакова свила со дијаметар од 1 сантиметар, исплетни во мрежа, би можеле да задржат џамбо џет во лет.

Меѓутоа, поради канибалистичката природа на пајаците, не е возможно да се произведе доволна количина на свила на ист начин како некои други животински продукти.



Решението на Spiber било молекулите на материјалот да се рекреираат „од нула“, по пат на микробска ферментација.

Во суштина, тие креирале нивна сопствена ДНК базирана на ДНК одговорна за продукцијата на пајаковата свила, која ја инкорпорирале во микроорганизми кои потоа биле хранети со хранливи состојки за да можат да се размножуваат и да го продуцираат потребниот протеин.

Тие исто така откриле дека иако природната пајакова свила е одлична за одредена употреба, таа има и карактеристики неприкладни за облека, како што е суперконтракцијата со која водата се апсорбира за неколку секунди што предизвикува смалување на свилата и до 50%.



По повеќе од 4 години истражување, Spiber и Goldwin успеале да го оптимизираат протеинскиот текстил да ја задржува формата кога е мокар и го редизајнирале генот да ги задржува само потребните карактеристики од вистинската пајакова свила, како нејзината сила и растегливост.

За да се изработи јакната, протеините биле вметнати во повеќеслојно предиво кое потоа било сошиено во материјалот од кој што таа била направена.

Во иднина, овој синтетички протеин ќе биде произведуван во фабриката на Spiber во Тајланд, која треба да биде комплетирана во 2021-ма и која ќе биде најголемата фабрика за структурална ферментација на протеин во светот, способна да продуцира неколку стотици тони годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...