Терминално болен научник ќе се трансформира во првиот „целосен киборг“

Др. Питер Боуман Скот-Морган е англиско-американски роботичар кој боледува од АЛС (амиотрофна латерална склероза), дегенеративна состојба која го натерала да пристапи кон претворање во според неговите зборови, „првиот целосен киборг“ во светот.

Тој во октомври објавил дека ќе направи 4 медицински процедури за да го подобри квалитетот и должината на неговиот живот, а сега ( во месецот кога статистички му било предвидено дека може да умре) за себе тврди дека е Питер 2.0 – докторите во него вметнале туба за хранење директно во неговиот стомак, катетер директно во мочниот меур и колостомична кеса во неговото дебело црево.

Врз него била направена и ларингектомија, процедура каде докторите хируршки го отстрануваат ларинксот, делот од телото кој ја поврзува устата со носот и белите дробови. Без него, тој веќе не може да зборува со неговиот природен глас, но исто така веќе го нема ризикот плунката случајно да му се акумулира во белите дробови. Сега, Питер дише со помош на респиратор.



АЛС, позната и како Лу Герингова болест, е болест каде мозочните клетки кои ги контролираат мускулите кои доброволни ги движиме изумираат, сè додека личноста не е способна повеќе да се движи, а за неа не постои лек.

Скот-Морган бил дијагностициран со АЛС во 2017-та и е посветен на тоа својата стручност да ја искористи за да ги намали симптомите на болеста. Тој планира да направи подобрувања на неговата инвалидска количка што ќе му овозможат полесно да се движи низ домот, а планира да направи и ласерска операција на очите за подобро да гледа и чита. Со тек на времето, неговите очи ќе бидат единствените мускули кои ќе биде способен да ги контролира.

Др. Скот-Морган живее со неговиот маж Френсис во англиското село Девон, а документарецот во кој ќе биде прикажан неговиот пат кон станување „киборг“ ќе биде објавен идната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...