Човечки пациент за прв пат ставен во суспендирана анимација

Суспендираната анимација им овозможува на многу ликови од научно фантастичните дела да патуваат до далечните делови на Вселената во состојба на хибернација, за да бидат реанимирани кога ќе пристигнат до својата дестинација.

Сега, овој концепт се тестира како начин за спасување на животи на пациенти со акутна траума, со најмалку една личност ставена во суспендирана анимација досега.



Кога некое лице страда од тешка траума како убодна или прострелна рана, тоа може да изгуби толку многу крв за срцето да престане да му чука, што ги прави стандардните напори за реанимација неуспешни. Наместо тоа, хирурзите му ги отвараат градите во обид крвта да се пренасочи до срцето и мозокот, но таа процедура често пати не успева во спасувањето на нечиј живот.

Сега, тим истражувачи на чело со професорот Семјуел Тишерман од школата за медицина при универзитетот на Мериленд тестирале процедура слична на суспендирана анимација, наречена EPR (emergency preservation and resuscitation).

EPR вклучува нагло ладење на телото каде мозокот е на температура од 10-15°C, што се постигнува со пумпање на телото со многу студена солена вода.

Оваа идеја била најбрзиот начин за ладење на телото (особено мозокот и срцето), што ги забавува телесните процеси и хемиските реакции за органите да побаруваат многу помалку кислород од вообичаено.

Во оваа оладена состојба, пациентот може да се однесе во операциона сала каде хирурзите би имале и до 2 часа (наместо само неколку минути) да ја поправат штетата направена со одредената траума. По завршувањето на процедурата, пациентот се реанимира со помош на кардиопулмонарен бајпас, машина која ја превзема функцијата на срцето и белите дробови.



Техниката се покажала успешна кај животните како свињите, а со одобрение од FDA, тимот на Тишерман тестирањата ги започнал врз човечки субјекти. Бидејќи срцата на ваквите пациенти кои сопреле поради акутна траума најверојатно нема да преживеат, согласност од пациентите не е потребна, но и покрај тоа, тимот објавил огласи во локалните весници во кои е објаснето како луѓето можат да се повлечат од испитувањата доколку имаат таква желба.

Планот е EPR да се тестира на 10 пациенти, во комбинација со 10 контролни пациенти.

Несаканите ефекти од оваа процедура се можно оштетување на клетките кога телото повторно се загрева, иако не е познато што точно се случува, одредени лекови можат да помогнат во нивно елиминирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...