Големо парче мраз се распадна на Гренланд

Големо парче мраз се одвои од најголемото ледено подрачје на Арктикот, на североистокот на Гренланд. Скршениот дел опфаќа околу 110 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека се распаднал на многу мали парчиња, пренесува Би-Би-Си.



Ледените плочи се топат и се распаѓаат со застрашувачка брзина, а климатолозите предупредуваат дека тоа ќе предизвика катастрофално покачување на нивото на морето со текот на времето.

Во едно неодамнешно истражување, научниците предвидуваат дека Гренланд и Антарктикот ќе станат дел од најлошото климатско сценарио, ако ледените слоеви продолжат да се топат со ова темпо, поради што крајбрежните заедници со милиони жители ќе бидат најзагрозени.

Во студија објавена во научното списание „Nature Climate Change”, научниците споредија сателитски слики на топење мраз користејќи податоци од климатски модел објавени во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2015 година.

– Атмосферата во овој регион од 1980 година се загрева за околу 3 степени. И во 2019 и 2020 година беа забележани рекордни летни температури, рече научникот Џени Тартон.

Авторите на студијата откриле дека во Гренланд и Антарктикот се стопиле 6,4 милијарди тони мраз во периодот од 1990 до 2017 година, што предизвика светското ниво на морето да се искачи за 1,8 сантиметри.

Стапката на топење на мразот не остана постојана, таа забрзуваше во последните неколку години, а она што е особено загрижувачко е што само помеѓу 2007 и 2017 година, нивото на морето се искачи за 1,2 сантиметри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...