Пронајдени сочувани неврони на жртва од ерупцијата на Везув пред 2.000 години

Италијанските археолози, откриле совршено сочувани неврони на една од жртвите на ерупцијата на вулканот Везув.



– Ова е невидено откритие. Изгледа како ерупцијата да „ги замрзнала” мозочните клетки на жртвата и тие останале така сочувани и по 2.000 години, објаснува археологот и форензичар Пјер Паоло Петроне.

Ова откритие е вредно не само затоа што е археолошка реткост, туку, пред сè, затоа што овозможува подробно да се утврдат фазите на вулканска ерупција и споредувајќи ги со сведоштвата на современиците, да се увиди што им се случило на жителите на неславната Помпеја при ерупцијата на Везув.

– Ова се елементи што можат да ни помогнат, преку реконструкција на минатото, да ги предвидиме и утврдиме мерките за заштита од ерупција на кој било вулкан во светот во иднина, вели Петроне.

Планината Везув над Неаполскиот Залив е се уште активен вулкан и досега се забележани 50 ерупции, од кои таа во 79 година била најразорна. Тогаш, два антички града – Помпеја и Херкуланеум биле целосно уништени и пеплосани, заедно со луѓето во нив.

Научниците подоцна утврдиле дека ерупцијата на Везув ослободила сто илјади пати посилна топлинска енергија од двете атомски бомби кои 1945 година кои беа пуштени врз Хирошима и Нагасаки, Јапонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...