Откриени фосили на ембриони од тираносаурус

Научници од американската сојузна држава Монтана и од Канада, открија остатоци од ембрион од родот диви месојадни диносауруси, во кој спаѓа и Тираносаурусот рекс. Наодот е прв од својот вид.



Фосилизираните коски на вилица и канџи, покажуваат дека овие „бебиња“ со рекордна големина, во голема мера изгледале како возрасните единки и се родени „подготвени за лов“, како што истакнуваат истражувачите.

Пронајдените фосили припаѓаат на два вида од родот Тираносаурус, грабливци кои живееле во Азија и Северна Америка кон крајот на ерата на диносаурусите. Остатоците укажуваат на тоа дека ембрионите од овој род биле поголеми од ембрионите на другите познати бебиња диносауруси, односно подолги од 43 сантиметри, колку што беше долг најголемиот пронајден ембрион од диносаурус досега.

Иако се уште немаме целосна слика, она што може да го забележиме е дека ембрионите имаат слични одлики како и возрасните тираносауруси кои се родени како грабливци и кои веќе претрпеле некои клучни адаптации својствени за тој период, тврдат научниците. Тие веруваат и дека животните биле во можност да ловат многу брзо по раѓањето, но сепак е потребно да се проучи фосилот поподробно, заради поточна претпоставка околу тоа – колку брзо?

Коската на вилицата најдена во САД, стара околу 77 милиони години и долга три сантиметри, се верува дека припаѓа на видот Дасплетосаурус. Коските на канџите пак, стари околу 72 милиони години, се откриени во канадската област Алберта и веројатно му припаѓаат на видот Албертосаурус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...