Затоплувањето на морето на Арктикот носи снег и бран студ во Европа

Северниот Леден Океан, кој го губи замрзнатиот покривач поради глобалното затоплување, директно придонесува за пообилни снежни врнежи во Европа, како на пример во 2018 година кога се случи леден бран наречен „Ѕверот од Исток“, се вели во една неодамнешна студија.



Тој бран, кој парализираше поголем дел од северна Европа во февруари и март 2018 година, предизика штети од повеќе од милијарда евра на ден само во Велика Британија.

Според студија објавена во списанието Nature Geoscience, големите снежни бури биле директна последица на „ненормално топлите“ води во Баренцовото Море. Морето останало без ледена покривка на околу 60 проценти од неговата површина неколку недели пред феноменот.

Ледениот бран се нарекува „Ѕвер од Исток“ во Велика Британија, „Снежен топ“ во Шведска и феномен „Москва-Париз“ во Франција.

Студијата заклучува дека Беренцовото Море без мраз ќе биде главниот извор на влага за континентална Европа и ќе биде причина за обилни дождови или снежни врнежи, што ќе влијае на инфраструктурата и сообраќајот.

-Ова ќе значи нарушување на снабдувањето со храна, горивото и уништување на посевите, предупредува студијата, додавајќи дека може да изгледа чудно што затоплувањето во Северниот Леден Океан предизвикува поголем снег во Европа.

-Сепак, природата е сложена и она што се случува на Арктикот не останува само на Арктикот, пишува во студијата предводена од Хана Бејли од Универзитетот Улу во Финска.

Според пресметката на истражувачите, од тоа море испариле 140 гигатони вода, што произвело 88 отсто од влагата што падна како снег во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...