Науката потврди: Добронамерните живеат девет години подолго

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало.



Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес.

Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт.

Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение.

На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце.

На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...