Точкестото езеро - природен феномен

Езерото Лулик на прв поглед изгледа како тинејџерско лице со проблематична кожа, исфрлана со огромни чирови. Иако многумина би рекле дека тоа е последица на алгите или некој вид на загадување, сепак тоа не е случајот. Станува збор за чудо на природата кое се случува секое лето кога водата испарува.

Канадското езеро Лилук, познато како „Точкесто Езеро“ е големо 153.780 метри квадратни, а во себе содржи уникатни минерали, кои се загреваат при испарувањето на водата и создаваат обоени кругови на водената површина.

Локалното населени направи кампања која имаше за цел да ја убеди владата да го прогласи местото за национален парк, за жал минатата недела нивниот план пропадна.

Езерото во изминатите три години беше муза на фотографот Фред Шаад.

- Изгледот на езерото се менува во зависниот од временскиот период на годината, но езерото од година во година има поразличен изглед. Па така ако сте го фотографирале минатата година во јули, годинава во истиот период ќе изгледа поинаку. Летата се топли и суви во Оканаган, создавајќи полу-сува клима. Ако го посетите Точкестото Езеро во април и мај ќе можете да видите како изгледа езерскиот басен е целосно полн.

Езерото Лилук претставува езеро со најголема концентрација на минерали, како што се магнезиум сулфат, калциум, содиум сулфат, како и осум други минерали кои содржат среброто и титаниумот.

Шаад вели дека со векови наназад езерската вода се смета за лековита, а според локалните легенди за време на војните, завојуваните страни прогласувале примирје со цел да со езерската вода да ги залечат раните на повредените.

- Реткиот природен феномен ме инспирираше да дојдам и да ги фотографирам прекрасните бои, текстурата и природните геометриски форми, вели Шаад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...