Америка и Азија ќе се спојат

Американскиот континент и Евроазија ќе се спојат на Северниот пол во следните 50 до 200 милиони години, соопштија научниците од Универзитетот Јеил.

Научниците исто така прогнозираат дека Африка и Австралија исто така ќе се спојат во нов „суперконтинент“ со што ќе се означи следната фаза во поместувањето на копнената маса на Земјата.

Се смета дека последен пат се споиле пред 300 милиони години и го формирале суперконтинентот Пангеја, се наведува во студијата објавена во магазинот Nature.

Копнената маса на Земјата постојано се поместува за време на секојдневните тектонски активности. Во нив се создаваат региони, како што е Средноатлантската клисура, во која е формиран Исланд и подрачјето кај брегот на Јапонија, каде се судираат тектонските плочи.

Геолозите сметаат дека во текот на милијарди години овие тектонски плочи времено ги спојувале континентите, создавајќи го суперконтинентот Нуна пред 1,8 милиони години, Родинија пред милијарда години, а после нив Пангеја пред 300 милиони години.

Следниот суперконтинент веќе го доби работното име Амазија, затоа што се очекува да настане со спојување на Америка и Азија.

Истражувачите ги темелат своите прогнози за тоа кога и каде ќе се формира новиот суперконтинент врз анализите за формирањето на неговите претходници.

- Сите се прилично запознаени со концептот Пангеја, но нема многу уверливи податоци кои можат да ни покажат како се создаваат суперконтинентите. Според нашиот модел, се спојуваат Северна и Јужна Америка, затворајќи го Карипското море, а пото двете Америки се поврзуваат со Азија и го затвораат Арктичкото море, изјави Рос Мичел од Универзитетот Јеил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...