Нов поход за освојување на длабочините на Врело

Македонски, италијански и белгиски нуркачи тимови викендов почнуваат нова експедиција за истражување на длабочините на подводната пештера Врело кај Матка.

Македонските нуркачи од спелеонуркачкиот клуб “Врело“ веќе две недели прават подготовка на пештерата за големиот потфат на Италијанецот Љуиџи Касати кој ќе се обиде да нурне до длабочина од 220 метри и да го смести Врело како најдлабока истражена подводна пештера во светот.

“Љуиџи Касати доаѓа во вторник или среда. Ние во изминатиов период со нуркачи од охридкиот клуб ’Анфора’ го подготвуваме теренот, го чистевме влезот на пештерата. Касато ќе се обиде да направи навистина еден голем потфат. Во Врело ќе нурне три до четири пати и ќе се обиде да го урне досегашниот рекорд од 212 метри длабочина“, вели Васко Соколов од спелеонуркачкиот клуб “Врело“ истакнувајќи дека станува збор за особено опасен подвиг.

Италијанскиот нуркач по третпат ќе нурка во подводната пештерата. Тој во 2009 година со македонските нуркачи успеа да стигне до длабочина од 192 метри, а следна година успеа да стигне до 212 метри длабочина.

Со досегашната постигната длабочина Врело е на петтото место на листата на најдлабоки истражени подводени пештери.

Додека Касати ќе оди уште подлабоко во Врело, неговите колеги од Белгија предводени од Марк Вандремуелен ќе нуркаат во каналот од пештерата што досега не беше истражуван.

Покрај истражувачката вредност и значење, овој проект представува национално богатство во смисла на обидот пештерата Врело да стане најдлабоко истражената подводна пештера во светот. На таков начин Македонија ќе запише на светската мапа уште едно многу важно природно-научно поглавје, велат од Спелеонуркачкиот клуб “Врело“.

Пештерата е систем од две пештери една над и една под водата и езеро.На таванот е “накитен“ со сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевувачки се столбовите близнаци кои се високи околу шест метри и се со бела кристална боја.

Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името така што меѓу првите во неа се капеле руски пилоти вработени во македонското воздухопловство. Малото езеро има форма на осмица. Во најширокиот дел има димензија од 8 м, а должината и длабочината му се 15 м, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри. Присуството на сталактитите во водата упатува на заклучок дека некогаш во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградбата на акумулацијата Матка во 1936 година.

Во пештерата има и т.н. “концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените “пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош. Водата во пештерата е со неверојатна бистрина и таа може да се користи како вода за пиење, што уште една покажува каква вредност и какво богатство крие Вресло.

Истражувањето на Врело е поддржано од Град Скопје, а годинава со финансиска поддршка од 300.000 денари се вклучува и Министерството за економија. Соколов вели дека годинава имаат поддршка и од Министерството за внатрешни работи кое им обезбедило чамци за превоз на нуркачите од манастирот Св. Андреја до влезот на пештерата, но и логистичка поддршка на нуркачите од специјалната единица “Тигар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...