Во документ од 4 век се споменува жената на Исус

Карен Кинг, експерт за раното христијанство од Харвардскиот богословски универзитет, презентираше парче папирус од 4-от век на коптски јазик, во кој се содржи досега невидена фраза во кој и да е текст на Светото писмо, поврзана со можната жена на Исус.

На папирусот пишувало: „И Исус им кажа, „Мојата жена....“, за кој текст Кинг тврди дека е единствениот досега постоечки документ што експлицитно го цитира Исус во врска со тоа дека има жена.

Избледениот папирус, со големина помала од визит карта, од едната страна има осум редови, испишани со црно мастило, кои се читаат со лупа.  

Точно под редот, во кој станува јасно дека Исус има жена, се содржи и втората провокативна реченица: „Таа ќе може да биде мој ученик“.

Откритието беше обелоденето вчера во Рим на Меѓународниот конгрес по коптологија од страна на Карен Кинг - историчарка, која досега објави неколку книги за нови откритија во Евангелието и која е првата жена носител на најстарата титула во САД - професор по богословие „Холис“.

Потеклото на папирусот е енигма. Неговиот сопственик побарал да остане анонимен. До вчера Кинг го покажувала парчето папирус само на мал круг експерти за папируси и за коптски јазик, кои заклучиле оти тој најверојатно е автентичен.

Откритието може одново да го разгори спорот дали Исус бил женет, дали Марија Магдалена била негова сопруга и дали имал жена наследник. Овие спорови датираат уште од раните векови на христијанството, тврдат научниците. Тие се актуелни и денес, кога христијанството е разбранувано од прашања како можноста на жената да е свештеник и границите на бракот, додава „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...