Комарците ја сменија стратегијата за напаѓање!

Комарците ги менуваат своите навики со цел да ги заобиколат препреките, покажа последното француско истражување спроведено откако две села во Африка почнале да користат мрежа за да се заштитат од овие инсекти кои пренесуваат маларија.

Мрежите премачкани со инсектициди се сметаат за главно оружје против маларијата која ја пренесуваат комарците, а од која, според Светската здравствена организација, годишно умираат 650 000 луѓе.

Француските научници го проучувале однесувањето на комарците пред и после поставувањето на мрежите во села во Бенин. Научниците утврдиле дека комарците за време на трите години откако биле поставени мрежите ја смениле саатницата за напаѓање луѓе, па така наместо во два или три часот наутро почнале да напаѓаат околу пет наутро.

Во едно од селата е забележан и размерно зголемен број на каснувања надвор од куќата, отколку во самата куќа.

Пред поставувањето на мрежите вкупниот удел на каснувања вон куќата бил 45 отсто, а после три години пораснал на 61 отсто.

- Тоа е загрижувачко затоа што жителите обично се будат пред зора за да работат на полињата и тогаш не се заштитени, вели предводникот на истражувањето Винсент Корбел од францускиот институт за развој во Монтпелир.

Експертите сепак предупредуваат дека за да се донесат поцврсти заклучоци потребно е да се направи и друго истражување, користејќи поинакви методи да се анализираат нападите на комарците и тоа на многу поголемо подрачје од двете села.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...