„Ноќните птици“ сепак се поуспешни

Старото верување дека луѓето кои рано си легнуваат и рано стануваат се здрави, богати и мудри, сепак не е точна. Научниците откриле дека „ноќните птици“ се побистри и побогати од ранобудниците.

Експертите од универзитетот во Мадрид тестирале околу 1.000 тинејџери и откриле дека оние кои преферирале доцна да легнат да спијат покажале интелигенција која е поврзана со попрестижни работни места и поголеми доходи.

Ранобудниците честопати покажувале подобри резултати на испитите, веројатно затоа што часовите се одржувани во погрешно време за „ноќните птици“.

Истражувачите ги истражувале навиките и внатрешниот часовник на младите за да утврдат дали перформансите се поврзани со времето на легнување и будење.

Перформансите на училиште и индуктивната интелигенција, или решавањето проблеми биле мерени, а исто така предвид се земени и академските оценки на поважните предмети.

Резултатите покажаа дека ноќните луѓе имале подобри резултати од утринските при индуктивно размислување, што пак е добра процена на општата интелигенција и силен индикатор за академските перформанси. Тие исто така имале поголем капацитет за да размислуваат аналитички и концептуално. Ваквите способности се поврзуваат со иновативно размислување, со престижните професии и подобрите приходи.

Најпознати „ноќни птици“ се американскиот претседател Барак Обама, Чарлс Дарвин, Винстон Черчил, Кит Ричардс и Елвис Присли.

Џорџ Буш, кој редовно си легнувал во 22 часот, Томас Едисон, Наполеон, Кондолиза Рајс, која се будела во 4:30 наутро, И Ернест Хемингвеј се меѓу најпознатите ранобудници.

- „Ноќните птици“ се поекстровертни, креативни типови, поети, уметници, изумители, додека ранобудниците се извршители, како што се административците и сметководителите, вели Џим Хорн, професор по психологија на Loughborough University.

Претходното истражување спроведено врз регрутите на американските воздухопловни сили покажало дека ноќните типови подобро се снаоѓале при решавање на покомплицирани задачи, отколку утринските типови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски...
1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски...
1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано...
1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во...