Мразот се шири – глобалното затоплување се намалува

Мразовитото лето на Северниот пол, зад себе остави речиси милион квадратни милји океан прекриен со мраз. За разлика од минатата година, мразот е проширен за цели 60%! Изгледа дека глобалното затоплување го избегнува северниот пол.

Наместо тоа, само неколку дена не делат од престојната есен, а огромна санта мраз, речиси колку половина Европа, веќе се протега од канадските острови до руските северни брегови.

Некои познати научници веруваат дека светот го очекува период на разладување кој нема да заврши сè до средината на овој век – процес кој ќе ги протолкува за лажни, компјутерските прогнози за заканувачките затоплувања.

Ова откритие дојде 11 месеци откако весникот The Mail on Sunday известуваше за напнати политички и научни дебати околу  откривањето дека глобалното затоплување паузирало од почетокот на 1997 година – настан кој компјутерските прогнози го испуштија да го предвидат.

Во март, овој весник откри дека температурите ќе почнат да се намалуваат под нормалното ниво со 90% сигурност.

Паузата – која е прифатена како таква од секој центар за временски испитувања – е важна, бидејќи моделарните предвидувања за зголемување на глобалните температури, направија светските економии да потрошат милијарди долари на „зелените“ мерки против климатската промена.

Весниците постојано предвидуваа огромни климатски промени, како што е веста од 2007 година дека до крајот на 2013 година, мразот ќе се стопи целосно.

Меѓувладиниот панел за климатски промени, требаше во октомври да започне со објавување на петтиот извештај, кој се објавува на секои 6 или 7 години. Но, овој месец треба да се одржи самит во Стокхолм, па останува да видиме дали ќе го објават тој извештај.

Во последниот извештај, пишуваше дека глобалното затоплување е 95% предизвикано од луѓето. Ова предизвика многубројни дебати, но и решенија кои сè уште не се реализирани.

- Всушност, несигурноста е сè поголема. Сега е сосема јасно дека моделите се пречувствителни на јаглерод диоксид. Јас не можам да видам ниедна основа според која би се зголемила сигурноста, изјави климатскиот експерт, проф. Џудит Кари.

Таа предупреди дека температурите во океаните имаат големо влијание врз климата и дека постои можност светот да го преживее истиот период како и периодот од 1965 и 1975 година, кога имаше значителен ладен бран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...