„Враќање во живот“: Мамо пред да се родам умрев како пилот!

Рајан ги разгледува фотографиите од златната ера на Холивуд и на нив препознава пријатели како Рита Хејворт и Мерлин Монро. Се сеќава на мали детали од црно- белите филмови и раскажува за трачевите кои што биле актуелни зад сцената. Сепак, Рајан има само пет години.

Тој како и многу други деца низ светот има необјасниви сеќавања кои сугерираат на тоа дека станува збор за меморија од некој претходен живот. И додека многу луѓе веруваат дека реинкарнацијата е чиста бесмислица, тој и сличните на него, со своето уникатно искуство го докажуваат токму спротивното.

Доктор Џим.Б. Такер со години ги истражува децата со сеќавања од претходниот живот и во својата книга Return To Life: Extraordinary Cases Of Children Who Remember Past Lives раскажува за необичните приказни со кои што се соочил во текот на својата работа. Можеби еден од најинтересните податоци е тоа што најголемиот дел од децата ги имаат флеш бековите од претходниот живот на возраст од 3 до 4 години, а потоа едноставно ги забораваат. Такер досега работел со деца чии родители и самите не веруваат во тоа што го зборува нивното дете, но по долго набљудување се докажало токму спротивното.

Џејмс–загинат пилот

Родителите на малиот Џејмс сериозно се вознемириле кога нивното дете започнало да ги крши авион играчките и да вреска дека леталото е во оган. Потоа следеле низа кошмари и неповрзани сеќавања кои резултирале со изјава дека е воен пилот кој починал откако неговиот авион бил соборен од непријателските сили.

-Мамо, пред да се родам, бев пилот, мојот авион беше погоден во моторот и падна во вода, така умрев.

Детето им раскажало на родителите дека во претходниот живот било пилот кој се борел за време на Втората светска војна во битката кај Иво Џима, па дури и им го покажало на слика местото каде што паднал авионот. Неговиот татко стапил во контакт со ветераните од битката и притоа дознал дека единствениот човек загинат во авионска несреќа е извесен Џејмс Хјустон кој загинал на истото место кое што му го опишало детето. Но, коинциденциите не престанале тука. Семејството стапило во контакт со сестрата на Хјустон која се уште била жива и таа ги потврдила сите нешта за кои што зборувал малиот Џејмс.

Хантер–реинкарнација на голферот Боби Џонс

Замислете како изгледа кога еден навидум обичен ден, детето доаѓа и ви вели дека е реинкарнација на починат голфер и бара од вас повеќе да не му се обраќате со неговото име, туку со името на починатиот.

Родителите на Хантер (3) останале вчудоневидени откако нивното дете започнало да инсистира дека е Боби Џонс, па неговиот татко решил да земе неколку фотографии од голфери и да му ги покаже на својот син

-Да, тоа сум јас!, рекол Хантер додека од предложените слики ја извлекол токму онаа на Џонс. За кратко детето покажало невообичаен интерес за голф, па дури им објаснило на родителите кои голф терени му се омилени. Денес, Хантер има 7 години и има освоено 41 од 50 јуниор турнири, но повеќе нема сеќавања од претходниот живот.

Како патува свеста низ времето и просторот?

Доктор Такер ја објаснува реинкарнацијата преку теоријата за квантната механика. Тој верува во можноста свеста на човекот да постои посебно од мозокот и од телото, со што тие служат само како нејзино изразување, но не и како нејзин извор. Неговата теорија ја споредува со работата на телевизиската трансмисија. Телевизорите го декодираат сигналот, но во суштина не го создаваат. Човечкиот мозок ја манифестира свеста, но не значи дека истиот е нејзин извор.

Па така, по смртта она што народски се нарекува душа, патува низ времето и просторот и повторно се реинкарнира во телесна форма. Сепак, се уште останува непознато зошто сите луѓе немаат сеќавања од претходниот живот и зошто оние што веќе ги имаат започнуваат да ги забораваат по определен временски период.

Некои од случаите  кои што што биле предмет на истражување, се лажни, односно родителите ги навеле своите деца да зборуваат дека се реинкарнирани, но постојат и такви кои се целосно автентични и кои го оставаат прашањето за реинкарнацијата  отворено и недообјаснето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...